БИТОЛА ИМА НАЈМНОГУ ЗАБНИ АМБУЛАНТИ ОСВЕН СКОПЈЕ, НО ТЕТОВО ИМА ПОВЕЌЕ ЗАБАРИ

    БИТОЛА ИМА НАЈМНОГУ ЗАБНИ АМБУЛАНТИ ОСВЕН СКОПЈЕ, НО ТЕТОВО ИМА ПОВЕЌЕ ЗАБАРИВо Битола се наоѓаат околу осум проценти од вкупниот број забни ординации во државата. (Фото: СДК.МК)

    Битола по број на стоматолошки ординации и понатаму останува најголем стоматолошки центар во земјава, освен Скопје. Сепак, само за конец предничи пред Тетово каде пак, бројот на стоматолози е поголем.

    Градот кој со години беше познат по честите посети на забар од грчките државјани и печалбарите преку лето, според Извештаj за здравjе на населението во изготвен од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во 2021 броел 83 забни амбуланти во мрежата на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) и 18 надвор од неа, или вкупно 101. Тетово, пак, има 84 ординаци вмрежени со ФЗО, но само четири надвор од мрежата. Тоа значи дека во Битола се наоѓаат околу осум проценти од вкупниот број вакви ординации во државата, кои ги има 1.166 во мрежа и и 157 ординации надвор од мрежата на ФЗО.

    Најмногу ординации се регистрирани во Скопје и тоа 332 во и 80 вон ФЗО. По Битола и Тетово следуваат Куманово, Гостивар и Прилеп.

    Најмала застапеност на забни ординации има во Демир Капија, Македонска Каменица Кратово, Крива Паланка, Пехчево и Богаданци. Во 17 градови, меѓу кои и Берово, Богданци, Валандово, Виница и други, не се регистрирани ординации надвор од мрежата на Фондот.

    Според ова, може да се заклучи дека стоматолошката дејност и понатаму останува најразвиена во поголемите погранични општини, што укажува на развојот на здравствениот туризам.

    Стоматолозите во 2021 најмногу биле лоцирани во Скопје, 1.169, на второ место е Тетово 235, што е за 19 стоматолози/доктори по дентална медицина повеќе од 2020. Битола е на трето место со вкупно 206, за 5 повеќе од 2020.

    Според старосната граница, до 30 години има само еден специјалист на ниво на државата. Над 65 години во 2022 работат 50 специјалисти и тоа најмногу по специјалноста ортодонција. Најголем е бројот на специјалисти во старосната граница од 51 до 60 години.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира