Врховниот суд на САД вчера соопшти дека ќе одлучи дали поранешниот претседател Доналд Трамп може да биде спречен да се кандидира на претседателските избори годинава поради неговите напори да ја поништи неговиот изборен пораз во 2020. Со ова, Врховниот суд се вметна директно во претседателската кампања во 2024 година.
Судиите ја признаа потребата брзо да се донесе одлука, бидејќи гласачите наскоро ќе почнат да гласаат за избор на претседателски кандидати низ целата земја. Судот се согласи да ја прифати жалбата на Трамп за случајот од Колорадо, кој произлегува од неговата улога во настаните што кулминираа со нападот на Капитол на САД на 6 јануари 2021.
Нагласувајќи ја итноста, расправите ќе се одржат на 8 февруари, за време на вообичаено едномесечниот зимски распуст за судиите. Компресираната временска рамка би можела да му дозволи на судот да донесе одлука пред Супервторникот на 5 март, кога најголемиот број делегати ќе бидат гласани во еден ден, вклучително и во Колорадо.
Трамп, говорејќи на предизборен настан во Ајова, рече: „Сè што сакам е фер. Само се надевам дека тие ќе бидат фер“.
Судот за првпат ќе го разгледа значењето и досегот на одредбата од 14-тиот амандман со која на некои луѓе кои „се вклучиле во бунт“ им се забранува да извршуваат јавна функција. Амандманот беше усвоен во 1868, по Граѓанската војна. Толку ретко се користел што највисокиот суд на нацијата немал претходна прилика да го протолкува.