Стотици трактори на земјоделците денеска ги блокираа влезовите на автопатите во повеќе региони во северна и источна Германија, протестирајќи против промените во земјоделската политика.
Земјоделците протестираа во области како Померанија, Долна Саксонија, Дрезден, а беа поддржани од транспортните компании кои протестираа против зголемувањето на патарините за камиони.
Во Берлин, ситуацијата првично беше мирна во раните утрински часови, иако тракторите веќе започнаа да се собираат на Брандербуршката порта уште во неделата вечер.
Здружението на земјоделци повика на еднонеделна акција за демонстрација против откажувањето на субвенциите за овој сектор. Главното прашање се даночните отстапки за земјоделскиот дизел. Делумното откажување на плановите за штедење на федералната влада не го смири здружението.
Германските земјоделци се налутени од планираното намалување на земјоделските субвенции, вклучително и за горивото, иако некои од мерките се веќе вратени.
Целта на протесттите од Здружението на земјоделци е да се осигурат дека владата на канцеларот Олаф Шолц целосно ги менува планираните намалувања.