ХОЛАНДСКИОТ АМБАСАДОР СЕ СРЕТНА СО АХМЕТИ ДА МУ КАЖЕ ДЕКА Е НЕПРИФАТЛИВО ДА СЕ ВЛИЈАЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ВРХОВЕН СУД

    ХОЛАНДСКИОТ АМБАСАДОР СЕ СРЕТНА СО АХМЕТИ ДА МУ КАЖЕ ДЕКА Е НЕПРИФАТЛИВО ДА СЕ ВЛИЈАЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ВРХОВЕН СУДНесоодветното политичко влијание врз позицијата на претседател на Врховен суд е неприфатливо и ќе предизвика силна реакција од Холандија, вели холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп. (Фото: Холандска амбасада во Скопје)

    Холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп се сретна со лидерот на ДУИ Али Ахмети да му каже дека за Холандија е неприфатливо да има политичко влијание врз претседател на Врховниот суд, како и дека има постојан пад на владеењето на правото во изминатите две години.

    „Амбасадорот Дирк Јан Коп се сретна со лидерот на ДУИ Али Ахмети да му пренесе порака дека по две години постојан пад на владеењето на правото, посветеноста на Северна Македонија на членството во ЕУ е во ризик ширум политичкиот спектар. Исто така, несоодветното политичко влијание врз позицијата на претседател на Врховен суд, што е судско прашање, е неприфатливо и ќе предизвика силна реакција од Холандија“, соопштија од Холандската амбасада во Скопје за средбата.

    Претседателката на Врховниот суд Беса Адеми во интервју за САКАМДАКАЖАМ.МК на 3 ноември се пожали дека има политички притисоци врз Врховниот суд за да овозможи враќање на експремиерот Никола Груевски од Будимпешта.

    Веднаш по интервјуто, нејзе ѝ беше поднесена иницијатива за разрешување во Судскиот совет, за што постапката е во тек.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира