СЕВЕРНА КОРЕЈА ЛАНСИРАШЕ НОВ ХИПЕРСОНИЧЕН ПРОЕКТИЛ И ИСПРАТИ ДЕЛЕГАЦИЈА ВО РУСИЈА

    СЕВЕРНА КОРЕЈА ЛАНСИРАШЕ НОВ ХИПЕРСОНИЧЕН ПРОЕКТИЛ И ИСПРАТИ ДЕЛЕГАЦИЈА ВО РУСИЈАЈужнокорејската војска кажа дека проектилот летал околу 1.000 километри (Фото: АП)

    Северна Кореја објави дека успешно тестирала нов хиперсоничен проектил со среден домет и погон со цврсто гориво, потег кој беше осуден од САД, Јапонија и Јужна Кореја. Државната телевизија КЦНА објави дека лансирањето не претставувало закана за соседните земји.

    Тестирањето се случи истиот ден кога севернокорејска делегација предводена од министерот за надворешни работи Чое Сон Хуи замина во посета на Русија.

    Јужнокорејската војска кажа дека проектилот летал околу 1.000 километри и достигнал височина од најмногу 50 километри.

    Тензиите на корејскиот полуостров се влошија во изминатите месеци, откако Пјонгјанг лансираше серија интерконтинентални балистички проектили и својот прв шпионски сателит, додека продлабочувањето на односите со Русија предизвика загриженост кај САД и сојузниците. Во исто време, Северна Кореја го обвини Сеул за ескалацијата во регионот поради воените вежби и повиците за вооружување.

    Северна Кореја неодамна ја промени својата политика и ја означи Јужна Кореја како одделна, непријателска држава, при што лидерот Ким Џонг Ун кажа дека мирно обединување веќе не е возможно.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира