УЈП ВЕЛИ ДЕКА СПРЕЧИЛА ИЗМАМА СО ПОВРАТ НА ДДВ ОД 2,6 МИЛИОНИ ЕВРА НА НАФТЕНИ КОМПАНИИ

    УЈП ВЕЛИ ДЕКА СПРЕЧИЛА ИЗМАМА СО ПОВРАТ НА ДДВ ОД 2,6 МИЛИОНИ ЕВРА НА НАФТЕНИ КОМПАНИИЗа овие случаи УЈП доставила писмени пријави со докази до Јавното обвинителство и до МВР на 15 ноември 2023 година, а до Управата за финансиска полиција на 1 декември 2023 година. - Директорката на УЈП Сања Лукаревска (Фото: СДК.МК)

    Управата за јавни приходи (УЈП) вели дека спречила осум фирми од нафтениот бизнис да остварат поврат на ДДВ од 2,6 милиони евра со изигрување на законите.

    На денешниот брифинг, од УЈП кажаа дека спровеле контроли кај три даночни обврзници регистрирани за вршење дејности трговија со нафта и нафтени деривати на големо и мало кои пристапиле кон изигрување на законите преку промена на назив и седиште на правното лице, како и промена на сопственичката и управувачката структура, без да имаат пријавени вработени, соодветни лиценци од Регулаторната комисија за енергетика, бензинска пумпа и складишен простор, служејќи се со фиктивни фактури за милионски суми.

    Според УЈП, станува збор за три даночни обврзници и петмина добавувачи, но нивните имиња не се откриваат.

    „Нема оштетување на Буџетот затоа што даночните службеници спречиле исплати за поврат на ДДВ од 160.117. 130 денари (2,6 милиони евра) и за Данок на личен доход од 18.969.998 денари (300.000 евра)“, кажа директорката на УЈП Сања Лукаревска.

    За овие случаи УЈП доставила писмени пријави со докази до Јавното обвинителство и до МВР на 15 ноември 2023 година, а до Управата за финансиска полиција на 1 декември 2023 година. Кај првиот контролиран случај станува збор за утврдени неправилности по основ на ДДВ од 79.350.190 денари, во вториот од 26.090.205 денари, а во третиот случај за 54.676.000 денари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира