Владимир Путин, кој ќе се бори за шести мандат на претстојните претседателски избори во Русија, за кои опозицијата вели дека се пародија на демократијата, изјави дека последните избори на САД беа наместени преку гласањето по пошта.
„Во САД, претходните избори беа фалсификувани преку гласањето по пошта. Тие купуваа гласачки ливчиња за десет долари, ги пополнуваа и ги уфрлуваа во поштенски сандачиња, без никаков надзор од набљудувачите и тоа е тоа“, рече Путин без да приложи докази.
Путин ќе има неколку противкандидати на изборите во март, но ниеден од нив не претставува сериозен ривал. Опозицијата вели дека изборите нема да бидат вистински натпревар, обвинувајќи дека употребата на електронското гласање им создава простор на властите да манипулираат со гласањето во корист на Путин, без да бидат откриени.