Северна Кореја објави дека извела тестирање на „подводен систем со нуклеарно оружје“, како одговор на последните заеднички воени вежби на САД, Јужна Кореја и Јапонија. Тестирањето на наводен подводен дрон се случило покрај источниот брег на земјата, кажаа државните медиуми.
Пјонгјанг и порано тврдеше дека го тестирал системот „хаеил-5-23“, но тоа не беше независно потврдено. Малку се знае за ова оружје, но Северна Кореја тврди дека тоа може да се протне во непријателски води и да предизвика голема подводна експлозија.
Северна Кореја ги засили своите воени активности во изминатите недели, при што во неделата лансираше балистички проектил со среден домет со погон на цврсто гориво. Ким Џонг Ун исто така се префрли на многу поагресивни реторика и политика, па неодамна побара промена на уставот во кој Јужна Кореја би била означена како примарен непријател.
Северна Кореја денеска кажа дека извела тестирање на едно од своите подводни оружја испровоцирана од заедничката воена вежба на САД, Јужна Кореја и Јапонија, обвинувајќи дека со неа дополнително се дестабилизира ситуацијата во регионот и се загрозува нејзината безбедност.
Ким Џонг Ун во неколку наврати кажа дека неговата земја го зголемува својот воен арсенал како подготовка за војна на полуостровот, која може да избие во секој момент.