Централното градско подрачје на Битола, населбите Баир, Ушици, Стрелите со неколку стотици домаќинства повеќе од саат и пол вечерва беа без струја. Струја снема во 19.30 и немаше до кај 21 часот. Во деловите кои беа без напојување голем број семејства се греат на струја.
Од ЕВН соопштија дека поради испад на трафостаница дел од битолското градско подрачје во моментов е без електрична енергија.
Екипите на Електродистрибуција се на терен и работат на отстранување на дефектот.
Ж. ЗДРАВКОВСКА