КЛОП ГО ПОКАНИ ТЕШКО БОЛНИОТ ЕРИКСОН ДА БИДЕ ТРЕНЕР НА ЛИВЕРПУЛ НА ЕДЕН ДЕН

    КЛОП ГО ПОКАНИ ТЕШКО БОЛНИОТ ЕРИКСОН ДА БИДЕ ТРЕНЕР НА ЛИВЕРПУЛ НА ЕДЕН ДЕНЕриксен неодамна објави дека боледува од рак и дека му останува најмногу една година живот (Фото: Гети)

    Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, го покани тешко болниот Свен-Горан Ериксон да дојде на „Енфилд“, откако поранешниот селектор на Англија изјави дека никогаш нема да му се исполни желбата да биде тренер на „црвените“. Седумдесет и петгодишниот Ериксон неодамна објави дека боледува од рак на панкреас и дека му останува најмногу една година живот.

    Со сето срце ве каниме да дојдете кај нас. Можете да ја имате мојата канцеларија, да водите тренинг ако сакате, не е проблем. Тоа сѐ спаѓа во тренирање и водење екипа. Затоа дојдете за да поминеме неколку убави часа заедно“, изјави Клоп.

    Во текот на својата богата кариера, Ериксон работеше и на островот, при што беше тренер на Манчестер сити, а од 2001 до 2006 и првиот небритански селектор на Англија.

    Татко ми сѐ уште е жив и сѐ уште навива за Ливерпул. И јас секогаш сум бил навивач на Ливерпул. Секогаш сум сакал да бидам тренер на Ливерпул, но тоа со сигурност нема да се случи“, изјави Ериксон во интервјуто за „Скај“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира