СКОПЈЕ ПАК ОСТАНА БЕЗ ЈАВЕН ПРЕВОЗ, ВРАБОТЕНИТЕ ВО ЈСП ДОЈДОА ПРЕД ГРАДСКАТА ВЛАСТ И БАРААТ СУБВЕНЦИИ ЗА ДА ЗЕМАТ ПЛАТА

    СКОПЈЕ ПАК ОСТАНА БЕЗ ЈАВЕН ПРЕВОЗ, ВРАБОТЕНИТЕ ВО ЈСП ДОЈДОА ПРЕД ГРАДСКАТА ВЛАСТ И БАРААТ СУБВЕНЦИИ ЗА ДА ЗЕМАТ ПЛАТАШоферите и вработените во администрацијата на ЈСП, поддржани од директорот Крсте Петревски и раководството на претпријатието, дојдоа пред Град Скопје. (Фото: К. Попов)

    Утрово од 9 часот Скопје повторно остана без јавен превоз. На улиците немаше автобуси на ЈСП „Скопје“, ниту на приватните превозници. Шоферите и вработените во администрацијата на ЈСП, поддржани од директорот Крсте Петревски и раководството на претпријатието, дојдоа пред Град Скопје. Бараат советниците да гласаат за одлуката за субвенционирање за да можат да земат плата.

    Приватните превозници се приклучија на штрајкот бидејќи и тие немаат добиено пари од ноември.

    На минатата седница на Советот, одлуката за доделување 11 милиони евра субвенции не помина, оти за неа не гласаа советниците од ВМРО-ДПМНЕ.

    „Ако денес се изгласа одлуката за субвенции попладне ќе има автобуси. Ако не се изгласа автобуси ќе нема ни во наредните денови“, рече Миќо Стојановски од синдикатот на ЈСП Скопје.

    За денеска во 11 часот е закажана вонредна седница на Советот на Град Скопје каде точка на дневен ред е субвенционирање на ЈСП.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира