ОТКАКО СО ГЛАСОВИТЕ НА ШЕСТМИНА ЧЛЕНОВИ НА СУДСКИОТ СОВЕТ ПРОПАДНАА И ПОСЛЕДНИТЕ ПРЕДМЕТИ ЗА ВИСОКА КОРУПЦИЈА „ТИТАНИК“ И „ТАЛИР“, ИНСТИТУЦИЈАТА ГО ПРОСЛАВИ 30-ГОДИШНИОТ ЈУБИЛЕЈ

    ОТКАКО СО ГЛАСОВИТЕ НА ШЕСТМИНА ЧЛЕНОВИ НА СУДСКИОТ СОВЕТ ПРОПАДНАА И ПОСЛЕДНИТЕ ПРЕДМЕТИ ЗА ВИСОКА КОРУПЦИЈА „ТИТАНИК“ И „ТАЛИР“, ИНСТИТУЦИЈАТА ГО ПРОСЛАВИ 30-ГОДИШНИОТ ЈУБИЛЕЈАгелер која лани и со писмо му се обрати на Судскиот совет, и сега ја потенцирала потребата за борбата со корупцијата, за независното, ажурното и непристрасното одлучување на Судскиот совет и на судовите (Фото:Судски совет)

    Амбасадорката Анџела Прајс Агелер вчера на одбележувањето на 30 години од формирањето на Судскиот совет отиде во посета на оваа институција, само ден откако половината од овој состав ја закопа и последната надеж да се спасат големите предмети за изборни нерегуларности и за перење пари „Титаник“ и „Талир“,

    Агелер се сретна со претседателката Весна Дамева, која ја запознала каква е сега состојбата во Судскиот совет и со моменталните предизвици со кои се соочува.

    „Амбасадорката Агелер посебно ја истакна потребата за борбата со корупцијата, независното, ажурното и непристрасното одлучување на Судскиот совет и на судовите, а со цел обезбедување на владеење на правото и даде силна поддршка на  Судскиот совет,  во остварувањето на своите  функции согласно со Уставот и законите, во насока на обезбедување и гарантирање на самостојноста и независноста на судската власт“, соопшти Судскиот совет.

    Во четвртокот на итната седница со 6 гласа „за“ и 6 „против“, немаше мнозинство да се изгласа времено делегирање на новоизбраниот апелационен судија Осман Шабани, назад во Основниот кривичен суд Скопје во рок од една година, за да ги заврши големите предмети „Титаник“ и „Талир“ и да ги спаси од застарување.

    На седницата членовите: Лорета Георгиева, Тања Чачарова-Илиевска, Селим Адеми и Миљазим Мустафа кажаа дека во ниту еден случај нема да гласаат за делегирање на Шабани да ги заврши предметите, бидејќи сметаат дека тоа нема да има ефект, а ќе му се направи штета на судијата.

    По заминувањето на Шабани кој ги водеше овие случаи од 2018 односно 0д 2019 година, поради смена на судија во судечкиот совет, овие предмети ќе се вратат повторно назад и ќе пропаднат поради застареност.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира