ЖЕРНОВСКИ 1,5 ГОДИНА НЕ ГО МЕНУВА ДУП КОЈ ТРЕБА ДА ГО ИЗБРИШЕ И НОВИОТ ОБЈЕКТ НА МЕСТОТО НА УЧИТЕЛСКАТА ШКОЛА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:18:"single_template_EU";s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЖЕРНОВСКИ 1,5 ГОДИНА НЕ ГО МЕНУВА ДУП КОЈ ТРЕБА ДА ГО ИЗБРИШЕ И НОВИОТ ОБЈЕКТ НА МЕСТОТО НА УЧИТЕЛСКАТА ШКОЛА

    Градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски со молчење и непреземање мерки го одобрува проширувањето на владиниот проект „Скопје 2014“ во дворот на општинските бараки со изградба на старата Учителска школа. Вака му забележаа на градоначалникот Жерновски активистите од граѓанската иницијатива  „Во одбрана на Дебар Маало“, формирана токму за менување на планот „Дебар Маало 1 и дел од Дебар Маало 2“ со кој се превидува градба на местото на старата Учителска школа. Од нејзе, зад општинските бараки на Центар, зачувана е влезната врата, која последниве десетина години им служи на скопјани за свадбени фотосесии.

    Старите рани на дебармаалци ги отвори договорот на Службата за општи и заеднички работи, која минатата недела избра идејно архитектонско решение за старата Учителска школа, а вчера склучи и договор со „Урбан стил инженеринг“ од Скопје за изработка на основен проект за старата Учителска школа.  „Урбан стил инженеринг“ најдоцна за пет месеци, според  договорот, треба да изготви основен проект за новиот објект.

    Според новиот ДУП, постојните бараки на Општина Центар се можна локација за изградба на старата Учителска школа

    Според новиот ДУП, постојните бараки на Општина Центар се можна локација за изградба на старата Учителска школа

    Во важечкиот Детален урбанистички план за овој дел од градот, на местото на старата Учителска школа е предвиден објект од приземје и четри ката. Веднаш до него е предвидена петнаесеткатница на местото на општинските бараки во која на неколку ката требаше да се смести Општина Центар. Овие две градби беа обележани како спорни и активистите од „Во добрана на Дебар Маало“ и „Плоштад Слобода“ побараа од градоначалникот да ги избрише, односно да ја намали катноста на петнаесеткатницата. Граѓаните за забелешките на планот пополнија и анкетни листови уште во септември, 2015. Од тогаш, освен усно објаснување од градоначалникот дека се прифатени околу деведесет отсто од забелешките, од градоначалникот нема друга мерка. Нов план, со прифатени забелешки Општината не покажува веќе 1,5 година, а на сила се сè уште решенијата за кои жителите се изјаснија дека не ги прифаќаат.

    Од старата Учителска школа зад општинските бараки на Центар, зачувана е влезната врата, која последниве десетина години им служи на скопјани за свадбени фотосесии

    Од старата Учителска школа зад општинските бараки на Центар, зачувана е влезната врата, која последниве десетина години им служи на скопјани за свадбени фотосесии

    „Градоначалникот имаше година и пол да направи измена на планот и да ги избрише предвидените објекти за кои и тој се согласи дека не му се потребни на Дебар Маало, но не го направи тоа. На владината нереалност тој сака да одговори со реалност. Сè додека не се донесе нов план на сила е овој, според кој нов објект на местото на старата Учителска школа е реалност“, вели Никола Наумовски од „Плоштад Слобода“.

    Наумовски, заедно со претставници од „Во одбрана на Дебар Маало“ во 2015 потпишаа меморандум со градоначалникот Андреј Жерновски, во кој Општината се обврзува да ги избрише градбите во планот за Дебар Маало кои се неприфатливи за граѓаните. Меѓу  градбите што треба да се избришат се и објектот на местото на старата Учителска школа и петнаесеткатницата на местото на општинските бараки.  Меморандумот беше потпишан откако градоначалникот Жерновски јавно ги повика невладините организации и граѓаните да му помогнат во борбата за заштита на просторот од нови градби.

    “Нема ниту 15-катни кули да се градат кај општинската зграда ниту, пак, да се уништува зеленило. На спорниот објект кај ПУИГ Општината ќе стави исклучиво зеленило, кое може да биде надополнето со градинка и со детски реквизити. Тоа ќе биде и кај Министерството за култура и кај катната гаража. Ве молам за заедничка битка. Едно е ако се бори Општината и таа битка е видена и ќе се тера институционално, како што беше досега, но ако се соберат граѓаните, тврдам дека ниту еден багер нема да дојде ако застанеме заедно. Мора да бидеме сите заедно, бидејќи Дебар Маало е најсилувано маало. Ова ќе биде поттик и за идните градоначалници и за идната централна власт. Ќе мора да знаат дека гласот на граѓаните мора да се почитува”, повика Жерновски во 2015, но измените на планот и покрај тоа што е веќе 2017, сè уште не се усвоени.

    Единствениот коментар на градоначалникот Жерновски за најавите за градење на старата Учителска школа која во измените на планот треба да се избрише е дека ќе ја градат самот тогаш кога ќе дојдат на власт.

    М. И. ПАЧЕМСКА 

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира