НЕ СУМ НАВИКНАТ ДА ГУБАМ ВО ВТОРО КОЛО, КАЖА ЃОКОВИЌ ПО ПОРАЗОТ ОД 117. ТЕНИСЕР НА АВСТРАЛИСКИОТ ГРЕНД СЛЕМ

a:1:{s:9:"td_source";s:22:"Мелбурн,(АП)

    НЕ СУМ НАВИКНАТ ДА ГУБАМ ВО ВТОРО КОЛО, КАЖА ЃОКОВИЌ ПО ПОРАЗОТ ОД 117. ТЕНИСЕР НА АВСТРАЛИСКИОТ ГРЕНД СЛЕМ

    Шесткратниот победник на Австралија опен Новак Ѓоковиќ изненадувачки загуби во второто коло од првиот гренд слем во годината од Узбекистанецот Денис Истомин. Србинот планираше да стане првиот тенисер со седум титули во Австралија и досега имаше шест победи на исто толку дуели со Истомин. Сепак, на крајот Узбекистанецот славеше со 7:6, 5:7, 2:6, 7:6, 6:4 по 4 часа и 48 минути игра на арената „Род Лејвер“ во Мелбурн.

    „Не сум навикнат на губам во второ коло на Австралија опен, секогаш сум играл добро тука. Денис заслужено победи, бидејќи играше неверојатно. Тој беше подобриот играч во пресудните моменти, кога го подигна темпото и играше агресивно“, кажа Ѓоковиќ по поразот.

    Истомин, кој испадна од најдобрите 100 тенисери минатата година, никогаш претходно немаше победа над некој од топ 10 тенисерите на гренд слем турнир.

    „Ова е најголема победа во мојата кариера. Многу ми значи“, рече Истомин, кој се наоѓа на 117. Место на АТП листата.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира