ПОРАНЕШЕН ДИРЕКТОР НА ОНКОЛОГИЈА И ДВЕ ВРАБОТЕНИ УТРИНАВА СЕ ИЗНЕСЕНИ ОД КЛИНИКАТА СО НАЛОГ, КАЖА ОРГАНИЗАЦИСКИОТ ДИРЕКТОР МАТОШИ

    ПОРАНЕШЕН ДИРЕКТОР НА ОНКОЛОГИЈА И ДВЕ ВРАБОТЕНИ УТРИНАВА СЕ ИЗНЕСЕНИ ОД КЛИНИКАТА СО НАЛОГ, КАЖА ОРГАНИЗАЦИСКИОТ ДИРЕКТОР МАТОШИДиректорката д-р Клисаровска и организацискиот директор Халид Матоши на денешната прес-конференција. (Фото: Принтскрин од видео)

    Поранешен директор на Клиниката за онкологија и радиотерапија и две вработени лица, од кои едната е медицинско лице, утринава со налог се изнесени од Клиниката, кажа денеска организацискиот директор Халид Матоши.

    Oд утринава се вршат претреси утринава кај лица за кои постои сомнеж дека се поврзани со скандалот на Клиниката за онкологија. Претресите се по наредба на јавен обвинител, а повеќе детали, надлежните институции најавуваат во текот на денот.

    „Секретарката не се појави денеска на работа, исклучен и е телефонот“, кажа Матоши.

    Директорката на Клиниката, д-р Виолета Клисаровска кажа дека Клиниката работи и функционра нормално,, сите закажани пациенти ќе си ги добијат терапиите, работат сите амбуланти. Клиниката работи, вели таа, со полн капацитет и ќе се примат и нови пациенти.

    Лани Јавното обвинителство отвори истрага по наводи за евентуално сторени кривични дела поврзани со третманот на пациенти и работата на Клиниката за онкологија. Пациенти болни од рак и нивните семејства протестираа и бараат правна разврска на случајот.

    На 1 септември лани, одземени се компјутери, компјутерски податоци и друга документација од Клиниката за онкологија и од два приватни стана при претрес на МВР и Обвинителството.

    Три дена подоцна, од Јавното обвинителство соопштија дека сите наводи за евентуално сторени кривични дела поврзани со третманот на пациенти и работата на Клиниката за онкологија ќе бидат до крај истражени, а сите евентуални сторители на кривични дела ќе бидат соодветно гонети.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира