ОПШТИНА КАРПОШ ПОЧНУВА СО ВОВЕДУВАЊЕ ЗОНСКО ПАРКИРАЊЕ ВО КАРПОШ 1 И 2

    ОПШТИНА КАРПОШ ПОЧНУВА СО ВОВЕДУВАЊЕ ЗОНСКО ПАРКИРАЊЕ ВО КАРПОШ 1 И 2Зонско паркирање или зона Д42 најпрво ќе биде воведено во Карпош 1 односно на улицата Орце Николов, како и улиците кои се наоѓаат в овој дел од Општината.(Фото: СДК.МК)

    Почнува воведување зонско паркирање во населбите Карпош 2 и Карпош 1. Во наредниот период ЈП „Градски паркинг“ ќе почне со бележење на улиците и информирање на станарите за начинот на вадење налепници за бесплатно паркирање.

    Овој процес ќе се одвива во неколку фази, со цел да се овозможат подобри услови за паркирање, полесен пристап до паркинг места, како и полесен проток на возила во овие населени места. Во првата фаза ќе бидат опфатени делови од Карпош 1, а за пријавувањето за паркинг дозволи, кое исто така ќе се одвива етапно, станарите ќе бидат навремено известувани, согласно динамиката на обележувањето на улиците“, велат од Општина Карпош.

    Зонско паркирање или зона Д42 најпрво ќе биде воведено во Карпош 1 односно на улицата Орце Николов, како и улиците кои се наоѓаат во овој дел од Општината.

    Притоа, право на паркирање на зона Д42 ќе имаат граѓаните кои гравитираат на една од наведените адреси, по цена од 0 денари за две станарски возила, а поднесувањето на барања за нивно евидентирање во системот ќе се одвива етапно, согласно динамиката на означување на улиците, за што ќе бидат дополнително известени.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира