УКРАИНСКИТЕ СИЛИ СЕ ПОВЛЕКОА ОД КЛУЧНИОТ ИСТОЧЕН ГРАД АВДИИВКА

    УКРАИНСКИТЕ СИЛИ СЕ ПОВЛЕКОА ОД КЛУЧНИОТ ИСТОЧЕН ГРАД АВДИИВКАНе прашувајте ја Украина кога ќе заврши војната. Запрашајте се, зошто Путин сè уште може да ја продолжи?, рече Зеленски на конференцијата во Минхен. (Фото: АП)

    Украина соопшти дека нејзините трупи се повлекле од Авдиивка – клучен источен град кој со месеци е опколен од руските сили. Одлуката е донесена со цел да се спасат животите на војниците, изјави претседателот Володимир Зеленски.

    Речиси целото предвоено население на Авдиивка од 30.000 жители заминало и самиот град е речиси целосно уништен. Падот на градот ја означува најголемата победа на Русија во изминативе месеци, а Зеленски рече дека ова е последица намаленото снабдување со оружје од Западот. Украина се соочува со недостиг на муниција, главно како резултат на политичките расправии во САД, нивниот главен снабдувач.

    Говорејќи на конференцијата за безбедност во Минхен, Зеленски денеска ги повика западните земји да ѝ помогнат на Украина да го победи „чудовиштето“, како што тој го нарече рускиот претседател Владимир Путин. Рускиот лидер ќе ги направи следните неколку години „катастрофални“ за уште многу земји како Украина, ако западниот свет не му се спротивстави, рече Зеленски.

    Путин започна целосна инвазија на Украина на 24 февруари 2022.

    „Не прашувајте ја Украина кога ќе заврши војната. Запрашајте се, зошто Путин сè уште може да ја продолжи?, рече Зеленски на конференцијата во Минхен.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира