АМЕРИКАНЕЦ ЈА ТУЖИ ДРЖАВНАТА ЛОТАРИЈА, МУ РЕКЛЕ ДЕКА ПО ГРЕШКА ОСВОИЛ ЏЕКПОТ ОД 340 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

    АМЕРИКАНЕЦ ЈА ТУЖИ ДРЖАВНАТА ЛОТАРИЈА, МУ РЕКЛЕ ДЕКА ПО ГРЕШКА ОСВОИЛ ЏЕКПОТ ОД 340 МИЛИОНИ ДОЛАРИШансите за освојување џекпот на Пауерболот се исклучително ретко: еден спрема 292,2 милиони (Фото: Гети)

    Маж од Вашингтон кој мислел дека освоил џекпот од 340 милиони долари ја тужи американската лотарија Пауербол, која тврди дека по грешка ги објавилa неговите бројки.

    Џон Чикс изјави дека занемел кога сфатил дека неговиот тикет ги содржи добитните бројки од Пауерболот во јануари 2023. Кога отишол да го пријави тикетот, бил одбиен.

    Ми кажаа дека мојот тикет не е добар и да го фрлам во ѓубре. Место тоа, јас го зачував и ангажирав адвокат“, изјави Чикс.

    Тој сега ја тужи лотаријата и бара обесштетување во висина на „освоениот“ џекпот, плус каматата.

    Според судските документи, Пауербол и лотаријата на Вашингтон „Таоти“ тврдат дека конфузијата настанала поради техничка грешка: на денот кога Чикс го купил тикетот, тим за проверка на квалитетот правел тестирања на сајтот на „Таоти“. На 6 јануари, тест бројки на Пауербол, кои биле идентични со оние на тикетот на Чикс, по грешка биле објавени на сајтот и таму останале три дена. Овие бројки не одговарале со бројките кои биле извлечени на последното извлекување, велат од „Таоти“.

    Бидејќи добитните бројки одговараат на оние од тикетот на Чикс, тој полага право на целиот џекпот. Во спротивно, тој има право на отштета поради грубото невнимание на лотаријата“, изјави адвокатот на Чикс, Ричард Еванс.

    Шансите за освојување џекпот на Пауерболот се исклучително ретко: еден спрема 292,2 милиони.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира