ГОРИ ОТПАД ЗА АВТОМОБИЛСКИ ГУМИ ВО БЛИЗИНА НА СЕЛО ЖЕЛИНО

    ГОРИ ОТПАД ЗА АВТОМОБИЛСКИ ГУМИ ВО БЛИЗИНА НА СЕЛО ЖЕЛИНООд ЦУК велат дека нема опасност пожарот да зафати соседни објекти и се очекува целосно да биде изгаснат за максимум два часа. (Фото: СДК.МК)

    Голем црн облак од чад се издига над Полог откако околу пладне се запали отпад на кој биле складирани голем број стари автомобилски гуми. Во гасењето на пожарот вклучена е Пожарната единица од Тетово, а според информациите добиени од Центарот за управување со кризи, засега нема опасност пожарот да се прошири.

    „ТППЕ Тетово интервенира на запалени гуми спроти фабрика Киел во село Желино кај подвозникот кон село Сиричино. Гаснењето е отежнато поради големата количина на автомобилски гуми. Нема опасност пожарот да зафати соседни објекти и се очекува целосно да биде изгаснат за максимум два часа“, соопштуваат од ЦУК.

    Од СВР Тетово велат дека добиената пријава на лице место се испратени полициски службеници од Полициското одделение Групчин, како и екипи од тетовската Територијална противпожарна единица.

    „Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот, кој и зошто ги запалил гумите, а што претставува кривично дело ‘загадување на животна средина и природата‘, согласно член 218 од Кривичниот законик“, велат од СВР Тетово.

    З.АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира