БРАЗИЛСКИОТ ФУДБАЛЕР ДАНИ АЛВЕС ДОБИ ЧЕТИРИ И ПОЛ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА СИЛУВАЊЕ

    БРАЗИЛСКИОТ ФУДБАЛЕР ДАНИ АЛВЕС ДОБИ ЧЕТИРИ И ПОЛ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА СИЛУВАЊЕНападот се случил во ноќен клуб во Барселона на 31 декември 2022 (Фото: Гети)

    Легендарниот бразилски фудбалер Дани Алвес е прогласен за виновен за силување млада жена во ноќен клуб во Барселона. Тој е осуден на затворска казна од четири и пол години, половина од она што го бараа обвинителите.

    Четириесетгодишниот Алвес, кој е еден од најтрофејните играчи во историјата на Барселона, негираше дека сексуално нападнал жена во раните часови на 31 декември 2022.

    Алвес беше обвинет дека ја намамил жената во тоалетот на ВИП-одделот на ноќниот клуб, при што кажа дека таа можела да си замине ако сакала. Судот објави дека има и други докази, покрај сведочењето на жртвата, кои потврдуваат дека таа била силувана.

    Алвес постојано беше во затвор откако беше приведен пред повеќе од една година. Судијата одби да го пушти со кауција поради можноста за бегство. Бразил не врши екстрадиција на свои државјани кои се осудени во друга држава.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира