ФРАНЦУСКАТА ФУДБАЛСКА ЅВЕЗДА ПОЛ ПОГБА ДОБИ ЧЕТИРИ ГОДИНИ СУСПЕНЗИЈА ЗА ДОПИНГ

    ФРАНЦУСКАТА ФУДБАЛСКА ЅВЕЗДА ПОЛ ПОГБА ДОБИ ЧЕТИРИ ГОДИНИ СУСПЕНЗИЈА ЗА ДОПИНГПогба го имаше првиот позитивен тест во септември (Фото: Гети)

    Своевремено еден од најдобрите светски фудбалери Пол Погба доби четиригодишна суспензија поради позитивен допинг тест. Играчот на Јувентус е под суспензија од септември откако беше утврдено зголемено присуство на тестостерон во неговиот организам.

    Триесетгодишниот Погба беше тестиран по случаен избор на 20 август, по првиот натпревар на Јувентус оваа сезона. Позитивниот тест беше потврден и со вториот примерок во ноември, по што италијанските антидопинг власти побараа четири години суспензија за него.

    Погба ќе има 33 години кога ќе му истече суспензијата во 2027, имајќи предвид дека таа важи од моментот на првиот тест. Неговата менаџерка Рафаела Пимента кажа дека Погба никогаш не сакал да крши правила и дека забранетата супстанца веројатно ја зел ненамерно.

    Погба, кој беше светски првак со Франција во 2018, се врати во Јувентус во 2022 откако му истече договорот со Манчестер јунајтед, кој го купи своевремено за 89,3 милиони фунти, што во тој момент беше светски рекорд.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира