НАВАЛНИ ПОГРЕБАН ВО ПРИСУСТВО НА ИЛЈАДНИЦИ ЛУЃЕ, СЕ СКАНДИРАШЕ ПРОТИВ ПУТИН

    НАВАЛНИ ПОГРЕБАН ВО ПРИСУСТВО НА ИЛЈАДНИЦИ ЛУЃЕ, СЕ СКАНДИРАШЕ ПРОТИВ ПУТИННавални е погребан две недели откако почина во еден од најстрогите затвори во Русија (Фото: Гети)

    Најголемиот критичар на Путин, Алексеј Навални, е погребан денеска на гробиштата Борисовскоје на периферијата на Москва, точно две недели откако ненадејно почина во еден од најстрогите затвори во Русија. Наспроти очекувањата, го испратија илјадници луѓе, кои го извикуваа неговото име и дури се осмелија да го критикуваат Путин.

    Не на војната“, „Русија без Путин“, „Русија ќе биде слободна“, „Џелати“ се некои од извиците што можеле да се слушнат за време на погребната церемонија, која почна со панихида во црква. Засега нема информации дека некој бил уапсен, иако на улиците на Москва имаше засилено полициско присуство, а Кремљ предупреди да не се крши законот со неодобрени собири.

    Вдовицата на Навални, Јулија, не беше на погребот, туку се збогуваше од него преку социјалната мрежа Икс.

    Љоша, ти благодарам за 26-те години на апсолутна среќа. Не знам како ќе живеам без тебе, но ќе пробам. Дефинитивно ќе се сретнеме еден ден. Имам толку многу нераскажни приказни и толку многу зачувани песни во телефонот за тебе“, напиша таа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира