ГЕРМАНЕЦ 217 ПАТИ СЕ ВАКЦИНИРАЛ ПРОТИВ КОВИД-19

    ГЕРМАНЕЦ 217 ПАТИ СЕ ВАКЦИНИРАЛ ПРОТИВ КОВИД-19Вакцините ги примил за период од 29 месеци, при што немал никакви несакани ефекти (Фото: СДК.МК)

    Шеесет и двегодишен маж од Германија примил 217 вакцини против ковид-19, спротивно на лекарските совети. Бизарниот случај е објавен во журналот за заразни болести „Лансет“.

    Тој приватно ги купил и примил вакцините за период од 29 месеци, при што немал никакви несакани ефекти, објавија истражувачите од Универзитетот Ерланген-Нирнберг.

    Дознавме за овој случај од написи во весници. Го контактиравме човекот и го поканивме да направиме тестови во Ерланген. Беше многу заинтересиран за тоа“, изјави Килијан Шобер од одделението за микробиологија на универзитетот.

    Тој дал свежи примероци на крв и плунка, а истражувачите истовремено тестирале замрзнати примероци од неговата крв кои биле скалдирани во изминатите години. Шобер бил загрижен дека хиперстимулирањето на имунолошкиот систем со постојани дози вакцини би можело да измори одредени клетки, но такво нешто не било утврдено и немало докази дека некогаш бил заразен со ковид-19.

    Ние сепак не ја поддржуваме хипервакцинацијата како стратегија за подобрување на адаптивниот имунитет“, кажа Шобер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира