НА 10 МАРТ ЌЕ СЕ ТРЧА 11. ИЗДАНИЕ НА ПЛАНИНСКАТА ТРКА „КРАЛИ МАРКО ТРЕИЛС“, ЌЕ ИМА 250 УЧЕСНИЦИ

    НА 10 МАРТ ЌЕ СЕ ТРЧА 11. ИЗДАНИЕ НА ПЛАНИНСКАТА ТРКА „КРАЛИ МАРКО ТРЕИЛС“, ЌЕ ИМА 250 УЧЕСНИЦИМеѓу пријавените учесници се и 50-ина странци (Фото: Фејсбук/Г. Кузмановски)

    Единаесеттото издание на планинската трка „Крали Марко треилс“ ќе се одржи в недела (10 март) во околината на Прилеп и ќе има две делници, за кои се пријавени околу 250 учесници.

    „Трескавец треил“ е долга 18 километри. Започнува во прилепската населба Варош, па преку Маркови Кули и пејзажните ритчиња ќе ги води 160-те натпреварувачи кон манастирот Трескавец и потоа назад во Прилеп. На подолгата делница „Камена Баба треил“ се трчаат 35 километри, а пријавени се 80-ина учесници. Стартот исто така е во Варош, па преку патеката до Трескавец се продолжува низ карпестите предели на Камена Баба.

    Од пријавените учесници, 78% се од Македонија, а 50-ина се странци од 12 држави, најмногу од Србија, Косово, Грција и Албанија. Меѓу учесниците е и поранешната шампионка на 100-километарски ултрамаратон Лиса Ринг од Шведска.

    Настанот е во организација на здружението „ТРЕКС“ од Скопје и е наменет за рекреативни, аматерски и професионални спортисти со различно ниво на физичка подготвеност.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира