ТРАМП КЛЕКНУВА ПРЕД ПУТИН И Е ЗАКАНА ЗА ДЕМОКРАТИЈАТА, КАЖА БАЈДЕН ВО ГОВОРОТ ЗА СОСТОЈБАТА НА НАЦИЈАТА

    ТРАМП КЛЕКНУВА ПРЕД ПУТИН И Е ЗАКАНА ЗА ДЕМОКРАТИЈАТА, КАЖА БАЈДЕН ВО ГОВОРОТ ЗА СОСТОЈБАТА НА НАЦИЈАТАБајден 13 пати го ослови Трамп со „мојот претходник“ (Фото: АП)

    Џо Бајден одржа жесток говор за состојбата на нацијата во американскиот Конгрес, негов последен во овој мандат, при што го обвини Доналд Трамп дека е закана за демократијата, клекнува пред Русија и дека го блокира законот за решавање на имиграциските проблеми на САД.

    Осврнувајќи се на Блиски Исток, Бајден кажа дека веќе шест недели работи на постигнување моментално примирје помеѓу Израел и Хамас и го предупреди Израел да не ја користи помошта за Газа како средство за пазарење.

    Сепак, најголем дел од 68-минутниот говор му посвети на својот веројатен противкандидат на претседателските избори во ноември, Доналд Трамп, кого 13 пати го ослови со „мојот претходник“.

    Демократијата е загрозена и дома и во странство. Мојот претходник му вели на Путин: ‘Прави што сакаш‘. Тоа е срамота, тоа е опасно и неприфатливо“, кажа Бајден.

    Додека го притиска Конгресот да одобри дополнителна помош за Украина, Бајден му порача на Путин:

    Нема да се повлечеме“.

    Бајден ги обвини Трамп и Републиканците дека сакаат одново да ја испишат историјата за нападот на Конгресот на 6 јануари 2021.

    Мојот претходник и некои од вас тука сакаат да ја закопаат вистината за 6 јануари. Јас нема да го направам тоа. Не можете да ја сакате својата земја само кога победувате“, рече тој.

    Трамп му одговори на Бајден преку неговата социјална мрежа.

    Тој изгледа многу луто кога зборува, што е особина на луѓе кои знаат дека губат. Гневот и викањето не помагаат во обединувањето на земјата“, напиша Трамп.

    Рејтингот на Бајден е најнизок од кој било модерен претседател кој барал повторен избор и е статистички во мртва трка со Трамп, на кого гласачите исто така гледаат негативно.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира