ЗА ДА ГО ЗАШТИТИ ЦЕНТРАЛНИОТ ПЛОШТАД ОПТОВАРЕН СО ТУРИСТИ И ПРОДАВАЧИ, СЕВИЉА ЌЕ ПОЧНЕ ДА НАПЛАЌА ТАКСА

    ЗА ДА ГО ЗАШТИТИ ЦЕНТРАЛНИОТ ПЛОШТАД ОПТОВАРЕН СО ТУРИСТИ И ПРОДАВАЧИ, СЕВИЉА ЌЕ ПОЧНЕ ДА НАПЛАЌА ТАКСАГрадоначалникот објави видео од Плоштадот на кој недостасуваат плочки и има оштетени огради и голем број улични продавачи (Фото: Икс)

    Туристите во јужниот шпански град Севиља наскоро ќе треба да платат такса за да го посетат Плоштадот на Шпанија (Plaza de Espana), соопшти Градското собрание, како дел од плановите за контрола на преоптовареноста со туристи на јавен простор.

    „Планираме да го затвориме Плоштадот и да им наплаќаме на туристите, кои така ќе го финансираат неговото зачувување и плус ќе ја осигураме неговата безбедност“, напиша градоначалникот Хосе Луис Санс на Икс.

    Тој објави и видео од Плоштадот на кој недостасуваат плочки, има оштетени огради и голем број улични продавачи запоседнати по скали.

    Илјадници туристи од цел свет секојдневно го посетуваат Плоштадот, пешки или се возат со кочии. Плоштадот е дел од комплекс изграден во 1929, кој во 1999 беше искористен како сет за филмот „Војна на ѕвездите Епизода 1: Фантомска закана“.

    Иако Санс кажа дека локалното население ќе има бесплатен пристап, многумина корисници на Икс, вклучително и оние од Севиља, го критикуваа планот на градските власти.

    Со повеќе од три милиони туристи годишно и население од 700.000 жители, Севиља е третиот најпосетуван град во Шпанија.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира