ТРАМП МИ КАЖА ДЕКА НЕМА ДА ДАВА ПАРИ ЗА УКРАИНА АКО СТАНЕ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА САД, ВЕЛИ ОРБАН

    ТРАМП МИ КАЖА ДЕКА НЕМА ДА ДАВА ПАРИ ЗА УКРАИНА АКО СТАНЕ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА САД, ВЕЛИ ОРБАНТрамп и Орбан се сретнаа во петокот во Флорида (Фото: ЕПА)

    Доналд Трамп нема да дава пари за да ѝ помогне на Украина во војната против Русија ако повторно биде избран за претседател на САД, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој во петокот се сретна со него во Флорида. Место тоа, тој ќе се потрудел да го забрза крајот на војната.

    „Тој нема да даде ни пени за украинско-руската војна и така војната ќе заврши. Јасно е дека Украина самата не може да издржи“, изјави Орбан, кој во повеќе наврати посака Трамп да се врати во Белата куќа.

    „Ако Американците, а и Европејците, не даваат пари и оружје, војната ќе биде готова. А, ако Американците не даваат пари, Европа не може сама да ја финансира војната и така војната ќе заврши“, заклучи Орбан.

    Унгарија одби да испрати воена помош во Украина и одржа тесни врски со Москва и по почетокот на руската инвазија. Орбан последен пат се сретна со Владимир Путин во октомври во Кина.

    „Друга работа е како ќе се затвори војната со мировни преговори по примирје и како ќе се создаде стабилна и безбедна Европа, но прво мора да се постигне мир и Трамп има можности за тоа“, вели Орбан.

    Кампањата на Трамп не ја спомна Украина во соопштението за средбата со Орбан, туку само дека разговарале за прашања кои ги засегаат двете земји.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира