ЃОКОВИЌ ИЗГУБИ ВО ИНДИЈАН ВЕЛС ОД 123. ИГРАЧ НА РАНГ-ЛИСТАТА

    ЃОКОВИЌ ИЗГУБИ ВО ИНДИЈАН ВЕЛС ОД 123. ИГРАЧ НА РАНГ-ЛИСТАТАЛука Нарди беше елиминиран во квалификациите, но доби шанса да игра на турнирот откако еден играч се повлече (Фото: АП)

    Светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ го доживеа еден од најнеочекуваните порази во кариерата откако изгуби од 20-годишниот Лука Нарди во третото коло на Мастерс турнирот во Индијан Велс. Нарди, кој се наоѓа на 123. место на АТП-листата, првично беше елиминиран во квалификациите, но доби шанса да игра на турнирот откако еден играч се повлече.

    Младиот Италијанец имаше 34 директни поени во победата од 6:4, 3:6, 6:3.

    Ова е лудо. Мислам дека е чудо. Јас сум 20-годишно момче кое го победи Новак“, изјави Нарди.

    Тој е најнискорангираниот тенисер кој го победил Ѓоковиќ на турнирите од Мастерс серијата или на гренд слем сцената.

    Немам ниедна титула оваа година. Тоа е нешто на што не сум навикнал. Обично почнував сезона со гренд слем титула или со победа во Дубаи. Но, и ова е дел од спортот и мора да се прифати“, изјави 36-годишниот Ѓоковиќ, кој изгуби од Јаник Синер во финалето на Отвореното првенство на Австралија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира