НЕМА ПАРИ ЗА ПЛАТА, А ЗА СЕКОЈ РАБОТНИК ИМА ВРАБОТЕНО ШЕФ, РЕКОА ОД СИНДИКАТОТ НА МАКЕДОНСКА ПОШТА НА ПРОТЕСТОТ

    НЕМА ПАРИ ЗА ПЛАТА, А ЗА СЕКОЈ РАБОТНИК ИМА ВРАБОТЕНО ШЕФ, РЕКОА ОД СИНДИКАТОТ НА МАКЕДОНСКА ПОШТА НА ПРОТЕСТОТОд синдикатот на Пошта велат дека лошата финансиска состојба е поради превработеноста на луѓе во администрацијата и на шефовски позиции. (Фото: К. Попов)

    Вработените во Македонска пошта денеска излегоа на двочасовен протест поради, како што рекоа, тешката финансиска состојба на акционерското друштво. Вработените уште немаат земено плата за февруари, иако законскиот рок е таа да се исплати до 15 во месецот. Велат дека ваквата состојба е поради превработеноста  во администрацијата и на шефовски позиции.

    Со минимална плата на 80 отсто од вработените месецот не се издржува, а особено кога доцни платата. Но, револтот е поголем поради финансиската криза, во која се наоѓаме поради лошото менаџирање и непродуктивни вработувања. Се доведовме во состојба на недостаток на работници во технолошкиот процес како поштари и шалтерски работници, а имаме преполни места во администрацијата и на шефовски позиции. На еден вработен имаме еден шеф“, рече претседателот на синдикатот на Македонска пошта Боро Велигденов.

    Во Македонска пошта има 1.800 вработени и 200 лица со договор на дело кои се поштари и со години работат без здравствено осигурување и со минимална плата.

    Синдикатот неколку пати алармирал до Владата за состојбата во која се наоѓаат, но велат немаат слух за нивните барања.

    Синдикатот бара реформирање на Македонска пошта, а ако не се исполнат барањата ќе почнат постапка за штрајк.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира