ЈАНКУЛОСКА ПРВООСОМНИЧЕНА ВО „ТЕНК“ ЗА МЕРЦЕДЕСОТ ОД 600.000 ЕВРА КУПЕН ПО ЖЕЛБА НА ГРУЕВСКИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЈАНКУЛОСКА ПРВООСОМНИЧЕНА ВО „ТЕНК“ ЗА МЕРЦЕДЕСОТ ОД 600.000 ЕВРА КУПЕН ПО ЖЕЛБА НА ГРУЕВСКИ

    „Тенк“, најновата истрага што ја отвори Специјалното обвинителство, според објавените разговори од прислушуваните телефонски разговори е за набавка на луксузниот мерцедес од скоро 600.000 евра по желба на експремиерот Никола Груевски. Во „Тенк“ под истрага се две лица поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување. Неофицијално, првоосомничената е екминистерката Гордана Јанкулоска, а второосомничен е исто така службеник во Министерството за внатрешни работи.

    Според она што се слуша во разговорите од бомбите, набавката на мерцедесот одела преку МВР. Во едниот од двата разговори, Јанкулоска зборува со Груевски за тоа каков точно треба да биде мерцедесот:

    Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Никола Груевски

    НГ: Она што ми остави ти едни проспекти, ти текнува?
    ГЈ: Да, да… јас да ви кажам не ви вршев притисок ама…
    НГ: Тоа на М…на М…
    ГЈ: Е добро океј…
    НГ: Да не зборам сеа вака…
    ГЈ: Да да…знам знам, точно…ако има шанса да ми го вратите проспектот за да го напраиме ко шо треба, да не утнам нешто…
    НГ: Тој ми е тука пред мене, тие другите два не знам кај ми се…тоа тебе не ти требаат другите
    ГЈ: Не ми другите по, тој шо треба е кај вас….хахах
    НГ: Да… ја ги видов сите три пошто овој го одвоив, тој терај го, ќе видиш таму што треба, фул све…
    ГЈ: Да де… па затоа и да видам попрецизно да биде ко шо треба ахах..пратете ми го вие…
    НГ: И битно ми е позади, позади да има екрани… коа се возам со маливе…
    ГЈ: Да да да…нема проблем, таму имаше у тој јас, се сеќавам и јас го листав, нема пробчем тој ќе го напраиме…
    НГ: Друго ќе видиш тој е фул као за….
    ГЈ: Да де да, не, не, не океј си е…
    НГ: …се знае тоа…
    ГЈ: Мислам таму не може да има промашај на таа варијанта…хахах
    НГ: Да да
    ГЈ: Така да супер…
    НГ: Така да почни ја постапката, терај ја
    ГЈ: Да да да, ние ќе го напраиме само вие пуштете ми го назад проспектов, за да…
    НГ: Утре го добијаш…
    ГЈ: Да, да, да, да биде ко шо треба работава…сеа да не зборам и ја многу…

    Според СЈО, „Во конкретниот случај постои основано сомнение дека со цел да ја исполнат желбата на тогашниот премиер, за набавка на специјален тип на патничко моторно возило, првоосомничената го поттикнала второосомничениот да ја искористи својата службена положба и овластувања и при вршење на јавни набавки, незаконски да повласти – фаворизира определен економскиот оператор и да се набави возило од тој тип“.

    Според вториот разговор од бомбите, Јанкулоска и Груевски лично се договарале како да се изведе постапка за фаворизираниот економски оператор да го добие тендерот за набавка на мерцедесот од скоро 600.000 евра:

    Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Никола Груевски

    НГ: Ова со процедурава за набавка за она што ми испрати ти едни…
    ГЈ: Да, да, да веќе ја стаивме у постапка со тоа што ја мислам ви кажав како треба да испадне, треба само да видам неделава требаше некаде да објавиме за да направиме внимателно, пошто е нели 100 посто електронски да не ни улета некој друг нели треба да има нешто…мислам тој човекот шо ми е таму мислам е..отворено му кажав да испадне вака и вака сеа оти не може да не му кажеш, а да испадне…
    НГ: Да де да…
    ГЈ: Така да он рече добро да проучам што е специфично у однос на другиве за да стесниме простори оти…
    НГ: Да да…
    ГЈ: … нели на 100 посто електронски, не моеш да речеш, слушај ти не чиниш, посебно што и тие другите чинат нели…
    НГ: Ама истовремено треба да се пази тој и да не се забораи кога ќе виде како е работата, тој што ќе понуди…
    ГЈ: Е па ние нели ја знаеме вака од прошлиот пат рамката па сега ако забега ако треба па ќе поништиме еднаш па ќе распишеме пак…
    НГ: Да, да…
    ГЈ: Мислам не може да не дере нели…
    НГ: Да да…Ова го примив што го остаи го видов… вчера и ми го најави тој човекот
    ГЈ: Да да, добро јас сакав и му реков да напраи белешка знаете да си имаме да сме на чисто…
    НГ: Да, па тие што викаш ти што останале работи нека ги пратат кај нас и така, кај Лена
    ГЈ: Океј, па јас му реков викам остај ги кај тебе у каса негде дур не се договориме, да не ги шетаме оти они знаете, кај нас мислам без оглед шо максимално дискретно, они мора да напраат од кај е што е… ради нели, да се заштитат со процедура, уште денес ќе ги пратиме у некоја кутија кај Ленче…
    НГ: Кај Лена на рака да…
    ГЈ: Да да, океј договорено претседателе…
    НГ: Пријатно…

    СЈО вели дека „постои основано сомнение дека во услови на намалена економска и куповна моќ на Министерството, било постапено спротивно на член 36 од Законот за јавните набавки и во тендерската документација имало повеќе технички спецификации кои упатуваат на конкретно производство и трговски марки со цел фаворизирање на определен економски оператор, без да биде наведено дека можат да се дадат и понуди со други спецификации кои се еквивалентни на наведените во тендерската документација“.

    Според СЈО, постои основано сомнение дека второосомничениот во постапка по јавни набавки, „иако бил свесен за незаконското привилегирање на определен економски оператор, сепак донел одлука за избор на најповолна понуда и склучил договор за јавна набавка на возило на износ од 29.852.542 денари и ДДВ во износ од 5.373.458 денари или околу 572.7800 евра“.

    Во третиот од објавените разговори за мерцедесот, Груевски и Јанкулоска се договараат како тој ќе го користи луксузното возило:

    Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Никола Груевски

    НГ: До локалните ние нема да објавуваме дека го презимаме возилото туку ќе глумиме дека е на МВР и вие ќе си го користите коа ќе ви доаѓа некој познат ова она, ќе го користите а ние ќе го користиме само коа ќе одам на пат или кога имам дестинации кајшто не ме чекаат новинари…
    ГЈ: Нема проблем претседателе, јас пошто…
    НГ: Така да заради тоа ќе го задржиме… ќе комбинираме…
    ГЈ: Да да добро нема проблем…
    НГ: Таму…кај шо ме чекаат куп новинари ќе си одам со старата
    ГЈ: Да де да…
    НГ: …или ако е на пат ќе одам со новото а некаде таму ќе се пребацам у друго и така, до локални, после локални ќе смислиме некој начин ќе објавиме дека сме го превземале од МВР и дека од сега…бидејќи 20 години више ќе направи претходното и дека сме го превземале тоа и така…
    ГЈ: Добро јас нема проблем пошо нели веќе се заврши све…
    НГ: Така, до локални нека си биде на вас, на ваше како се вика тоа…
    ГЈ: Не, може и после да си биде на МВР возилото, значи нема никаков проблем…
    НГ: Нека си биде
    ГЈ: Значи сопственик си е МВР нема никаков проблем, у принцип мислам кај нас се задолжува возило на име за… да си внимава некој да не не го оставаме така…
    НГ: Ама ако го задолжиме на Мац па после да не се дознае, м?
    ГЈ: Па… мислам дознавањето е тоа некој надвор ако види иначе нема друго дознавање, мислам нема проблем и вака ќе си биде задолжено на овој Влатко шо ми е од возен парк па кога треба ќе си го земе Марјан со патен налог…
    НГ: Е па и на Влатко, може ли на неколку да се задолжи?
    ГЈ: Не само на едно лице може
    НГ: Е па на Влатко од возен парк задолжи го…
    ГЈ: Пошо он е нели началник…
    НГ: Кажи му дека многу често ќе го користиме и ние и секогаш ко ќе ни треба да ни го дава…
    ГЈ: Да, да, да, го знаете Влатко некни шо ме прашавте за него, тој е ептен е океј дечково мислам нема проблем…
    НГ: Кажи му ти , секогаш коа ќе ни треба, Мацко и тој другиот како се викаше Аце, двајца се…
    ГЈ: Да де да…
    НГ: Коа ќе го побараат да ни го даат…
    ГЈ: Не е проблем, јас ќе го викнам Влатко ќе се договорам со него, јас сакав прво со вас да се… да знаете до кај е, шо е работава, пошо нели скроз ја завршивме, па да знаете дека е е во ред…

    Во четвртиот од објавените разговори на тема мерцедес од 600.000 евра, Јанкулоска разговара со тогашниуот директор на УБК Сашо Мијалков, откакоколата е веќе стигната во МВР и му кажува дека такво луксузно возило немало во Европа:

    Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков

    СМ: Аа така… абе слушај знаеш дека ова мерцедесов стигнал, па чисто онака сакав да те прашам…
    ГЈ: Е?
    СМ: Стигна каде е што е да го видиме…
    ГЈ: Хахаха..стигна, стигна и одма го стаивме у гаража кај премиерот, знаеш да не го гледаат овде кај нас ко циркуз ама мислам ти коа сакаш со нив не е проблем, знаеш оти кај нас овде ко… ќе биде ко панаѓур. Иначе Сашо не знам, ја неам такво нешто видено…
    СМ: Да, го виде ти?
    ГЈ: Го видов тој ден коа го донесоа пошо мојов возач отиде да го земе од Мерцедес знаеш пошо пат тоа ко авион да возиш е…
    СМ: Да а?
    ГЈ: Фантазија, немаш видено такво нешто… го стаија знаеш у Влада у таа гаража…
    СМ: А све е регистриран све…
    ГЈ: Се, се, се комплет, регистриан, таблички све е завршено…експресно завршивме знаеш сега да не..многу многу да не го шетаме овде низ МВР има еден куп комуњаришта ќе почнат да оговараат, да зборат, некој ќе го слика, ќе го гледа…фантазија е, коа ќе имаш простор, договори се со чоекот не си видел такво нешто…и овие од Мерцедес викаат ваква кола не сме продале у Југоисточна Европа
    СМ: Да, а?
    ГЈ: Пошо е најнов…мислам ептен вака, знаеш вака…
    СМ: У некоја наредна прилика ќе го пробаме..
    ГЈ: Да бе да, мислам јас знаеш сеа коа не знаеш, не си го видел викаш де бе што може да е толку пари…
    СМ: Црна боја?
    ГЈ: …ама коа ќе го видиш фантазија е..
    СМ: Што боја е?
    ГЈ: Црна…црна се е, абе види он од надвор не сега не е нешто, супер топ изгледа, мерцедес најнов како може да изгледа…Ама не, нема разлика нели у однос на другиве мерцедеси со таа класа…ама внатре коа ќе видиш шо све има… и самиот сараунд систем и она клими на секое седиште, масажери, чуда, телевизори…
    СМ: Значи све живо шо постои има внатре а?
    ГЈ: Тој беше од каталогот мислам знаеш така и ја праевме работава , се шо пишуеше у каталогот, све има…
    СМ: Све а?
    ГЈ: Фантазија…
    СМ: Колку испадна цената?
    ГЈ: 575 мислам дека со ДДВ дојде…
    СМ: Со се давачки?
    ГЈ: Да, да со се ДДВ да… така мислам дека беше 580, 575… види таа кола толку кошта сеа…
    СМ: Да, да, да…
    ГЈ: Може не знам ако е…
    СМ: В7 ли е?
    ГЈ: Да, да, да В7 мислам дека е В6 7 оти
    СМ: Не, не Б Б она што е за блинд…
    ГЈ: Да де да, епа со В е обележано, може на германски е некоја ознака меѓутоа тоа е тоа…нели 7 е највисоко ова е 6, 7 ваљда тоа е најголемо мерцедес шо го има… и ние прашувавме пошо ја знам 7ца е топ, ми вика нема мерцедес ова е највисокото шо го нуди…фантазија е Сашо
    СМ: Аха, значи највисокото…
    ГЈ: Највисокото мислам фантазија баш, не сме се виделе ја и ти, коа ќе имаш прилика, убаво вака да го разгледаш, нема поубава кола у Македонија…
    СМ: Се има провозено некој?
    ГЈ: Е па ваљда го пробалем од кај премиерот пошо Маријан го зема…
    СМ: Аха…
    ГЈ: … мислам он викаше знаеш подискретно сеа да не го гледаат ама претпоставувам некогаш навечер го извадиле коа нема многу луѓе…
    СМ: Ама што да не го гледаат, што ќе го кријат…тоа треба да се вози сеа што
    ГЈ: Е па добро сеа знаеш како он вика да не го гледаат, како ќе процени така, ние нашето…
    СМ: Цела Македонија знае у весници пишуваше шо…
    ГЈ: Абе пишуваше ама знаеш сега он нејќе него да го видат со колава, како ќе процени така…и ти викам Марјан вика абе знаеш вика ќе гледаме да не го забележат, викам како ќе го постигнете тоа коа нема друга кола у државава таква знаеш…не може да не го забележат ама добро да не им го расипувам меракот, но се си е океј, значи се расчистено и ќе го пратиме и на обука, двајца ќе пратиме, тоа бесплатно им следува така да…топ
    СМ: Да…
    ГЈ: Супер е, многу е убав…
    СМ: Дообро, ништо тоа ме интересираше…
    ГЈ: Да знаеш перфектен е…

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира