По повод четиригодишнината од членството на Македонија во НАТО, денеска на воениот стадион во Градски парк во Скопје се одржа отворен ден на Армијата. Граѓаните имаа можност одблиску да се запознаат со опремата и возилата на Армијата, вклучувајќи ги и новите оклопни возила. Показна вежба имаа армиските ренџери, а претставени беа специјалните сили, баталјонот на Воената полиција, Воено-медицинскиот центар, воздухопловниот ВИНГ и армиските кучиња.
„За нас како армија членството во НАТО претставува една голема можност за соработка со сите НАТО партнери со цел зголемување на нашите способности, како и на способностите што треба да ги исполниме во НАТО алијансата“, рече полковникот Васил Митевски од Командата за операции.