СЕ ЧУВСТВУВАМЕ НЕБЕЗБЕДНИ, САКАМЕ ПОРИГОРОЗНИ КАЗНИ ЗА НАПАД НА ЗДРАВСТВЕН РАБОТНИК, ВЕЛИ Д-Р ЧОЛАКОВА-ДЕРВИШОВА ЗА ДЕНЕШНИОТ ПРОТЕСТ НА МАТИЧНИТЕ ЛЕКАРИ ПО УБИСТВОТО НА КОЛЕГА

    СЕ ЧУВСТВУВАМЕ НЕБЕЗБЕДНИ, САКАМЕ ПОРИГОРОЗНИ КАЗНИ ЗА НАПАД НА ЗДРАВСТВЕН РАБОТНИК, ВЕЛИ Д-Р ЧОЛАКОВА-ДЕРВИШОВА ЗА ДЕНЕШНИОТ ПРОТЕСТ НА МАТИЧНИТЕ ЛЕКАРИ ПО УБИСТВОТО НА КОЛЕГАДоктор Чолакова-Дервишова кажа дека дека пациентите имаат разбирање и почит за целата ситуација, ги поддржуваат, и дека пациентите после 16 часот ќе бидат услужени. (Фото: К. Попов)

    Се чувствуваме небезбедни, бидејќи сите имаме пациенти кои се психички нестабилни, кои се зависници, со анксиозноно депресивни состојби, биполарни растројства, така што сакаме да имаме безбеден регион, безбедна просторија, простор, да отидете до својата кола да се вратите, да можете безбедно да работите, за да го продолжиме својот работен век, рече денеска д-р Лили Чолакова-Дервишова, претседателка на Здружението на приватни лекари.

    Денес од 12 до 16 часот, приватните лекари нема да работат со пациенти, во знак на почит на убиениот колега А. Т., матичен лекар од поликлиниката „Железара“ од Скопје. Телото на докторот беше пронајдено на 21 март, во неговиот автомобил, на паркинг пред зградата на поранешната клиника „Железара“ околу 23ч. Го пронашол синот, откако татко му не одговарал на повиците од мобилниот. На телото од починатиот биле видливи убодни рани од остар предмет. Обвинителството презема мерки за расчистувње на убиството.

    „Матичните лекари денес нема да работат од 12 до 16 часот за да го подигнеме гласот, да разговараме за нови закони кои би значеле појака заштита на здравствениот кадар каде казните би биле поригорозни, сѐ со единствена цел да се чувствува безбедно здравствениот персонал.
    Луѓето кои работат во примарното здравство се столбот на овој здравствен систем, тие лекуваат и спасуваат човечки животи. На оваков начин не треба ниеден пациент не треба да биде незадовелен. Ние не ја знаеме причината, но во кругот на здравствен дом е убиен докторот, така што очекуваме органите на прогонот да ни кажат што се случува“, рече д-р Чолакова-Дервишова после настан во Лекарската комора.

    Докторката кажа дека пациентите имаат разбирање и почит за целата ситуација, ги поддржуваат, и дека пациентите после 16 часот ќе бидат услужени.

    „ Ова не е дека ние не работиме, дека не сакаме да работиме, но навистина само да стои на закон дека сме службени лица, гледаме дека тоа не врши никаква функција. За секој здравствен работник од примарното, секундарното и терциерното здравство сметаме дека оваков чин не треба да се повтори“, додаде д-р Чолакова-Дервишова.

    Денеска во Лекарската комора беше потпишана Декларација за промоција и поддршка на вакцинацијата меѓу Лекарската, Фармацевтската и Стоматолошката комора, Министерството за здравство, медицинските факултети во земјава и Институтот за јавно здравје. Прес-конференцијата во Лекарската комора почна со едноминутно молчење во знак на почит кон двајцата починати, 67-годишниот лекар од Скопје и 40-годишната докторка од Скопје, која загина во сообраќајка пред неколку дена.

    Претседателката на  Лекарската комора, д-р Калина Гривчева-Старделова потсети дека на иницијатива и залагање на Лекарската комора во 2023 се направени измени на Кривичниот законик со што насилството врз здравствените работници е насилство спрема службени лица и претставува кривично дело. Со тоа делата како употреба на сила, сериозни закани, навреда, малтретирање, задавање телесни повреди или закана со употреба на оружје кон лекар при вршење на професионалните работни задачи се кривични дела за кои е предвидена казна затвор.

    Комората апелира лекарите насилните инциденти да ги пријават во полиција, а потоа информација да достават и во Комора. Комората ги прибира овие податоци за да може да го следи постапувањето на надлежните институции, но и да се предлагаат мерки и политики за надминување на проблемот.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира