ПРИВЕДЕНИ ТРИ ЛИЦА ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ ОД ПОЛИКЛИНИКАТА „ЖЕЛЕЗАРА“

    ПРИВЕДЕНИ ТРИ ЛИЦА ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ ОД ПОЛИКЛИНИКАТА „ЖЕЛЕЗАРА“Според првичните наоди, министерот рече дека мотивот за убиството не е поврзан со професијата на убиениот.(Фото: СДК.МК)

    Приведени се три лица поврзани со убиството на лекарот во скопската населба Железара, кажа денеска техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски.

    „Според моите информации, приведено е уште едно лице, значи вкупно приведени се три лица. Претресот е завршен во текот на доцните часови, се продолжува со други истражни дејствија, со цел да може да се утврди соодветно фактичка состојба, штом имаме дополнително нови информации, јавноста ќе биде благовремено известена, рече Тошковски одговарајќи на новинарско прашање по посета на Општина Босилово.

    Според првичните наоди, министерот рече дека мотивот за убиството не е поврзан со професијата на убиениот.

    Шеесет и седумгодишен лекар минатата недела беше пронајден избоден до смрт во неговиот автомобил паркиран во парк во близина на поранешната фабрика „Железара“. Лекарот имал приватна ординација во поликлиниката „Железара“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира