OД ДВАТА ПАТНИЧКИ ВОЗА ЗА ГЕВГЕЛИЈА, ЕДЕН Е УКИНАТ, ОД МАКЕДОНСКИ ЖЕЛЕЗНИЦИ НЕ КАЖУВААТ ЗОШТО

    OД ДВАТА ПАТНИЧКИ ВОЗА ЗА ГЕВГЕЛИЈА, ЕДЕН Е УКИНАТ, ОД МАКЕДОНСКИ ЖЕЛЕЗНИЦИ НЕ КАЖУВААТ ЗОШТОУкинат е патничкиот воз кој наутро поаѓаше од Скопја за Гегвелија а попладне се враќаше (Фото: П.Печков)

    Од минатата среда (27 март), укинат е патничкиот воз кој наутро поаѓаше од Скопје за Гегвелија, а попладне се враќаше. Во соопштението објавено на веб страната на АД  МЖ Транспорт нема детали зошто возот е укинат, ниту дали и кога може да се очекува повторно да сообраќа.

    „ЖРСМ Транспорт АД Скопје – Патнички сообраќај ги известува корисниците на услуги кои патуваат на релација Скопје – Гевгелија – Скопје дека од ден 27 март,  до следно известување нема да сообраќаат  патничкиот воз бр. 611 кој поаѓа од Скопје во 06.23 часот и воз бр. 632 кој поаѓа од Гевгелија во 17.02 часот“, пишува во соопштението.

    За Гевгелија останува да вози единствениот  патничкиот воз кој од Скопје тргнува во 16.55 а од Гевгелија во 4.40 часот. На оваа релација сообраќаа два пара патнички возови, и двата електрични.

    Од пред една недела  АД МЖ ТРанспорт ги врати во сообраќај двата патнички воза од Скопје за Битола и назад, кои беа расипани и четири месеци вон употреба. Сите патнички гарнитури кои сообраќаат во земајва се од кинеско производство а пуштени се во сообраќај од 2015.

    Поради немање доволно локомотиви и патнички гарнитури, од мај 2021 не сообраќаат возовите  од Скопје за Кочани и за Кичево, а од почетокот на 2023 ниту возот за Табановце и Куманово.

     П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира