СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ НЕ ГО ПОТПИША КОДЕКСОТ ЗА ФЕР ИЗБОРИ, ВЕЛИ ДЕКА ОДРЕДЕНИ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТИ БИЛЕ ФАВОРИЗИРАНИ, А ПАРИТЕ НЕРАМНОМЕРНО РАСПРЕДЕЛЕНИ

    СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ НЕ ГО ПОТПИША КОДЕКСОТ ЗА ФЕР ИЗБОРИ, ВЕЛИ ДЕКА ОДРЕДЕНИ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТИ БИЛЕ ФАВОРИЗИРАНИ, А ПАРИТЕ НЕРАМНОМЕРНО РАСПРЕДЕЛЕНИСеумтемина претседателски кандидати во просториите на ДИК на потпишување на Кодекс за фер и демократски избори. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Во Државната изборна комисија, кандидатите за претседател на Македонија денеска го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори. Само Стевчо Јакимовски не стави потпис.

    Стево Пендаровски кажа дека имаме доволно институционална меморија како држава и доволно политичка култура меѓу сите кандидатите да го одржат нивото на дебата и целиот процес да биде фер и демократски.

    Гордана Силјановска кажа дека ќе зборува со аргументи и со програма, а за неа потпишувањето на кодексот е церемонијален чин и нормативен и морален илузионизам. Додаде дека ќе ги почитува сите противкандидати.

    Стевчо Јакимовски рече дека Кодексот ќе го почитува, но нема да го потпише ако ДИК не гарантира дека ќе организира дебати. Според него, одредени кандидати се максимално фаворизирани, а средставата за кампања не биле рамноправно поделени.

    Бујар Османи изјави дека ќе се залага за позитивна кампања. За него овој чин е даден збор пред граѓаните дека сите кандидати ќе пристапат коректно на овие важни избори.

    Билјана Ванковска кажа дека Кодексот ќе го потпише, но не верува во ништо „од ова празно парче хартија” и побара телевизиите да организираат дебати со сите претседателски кандидати.

    Арбен Таравари верува дека овие избори ќе бидат најфер и најдемократски избори досега.

    Максим Димитриевски кажа оти ќе ги прифати сите јавни настапи со сите претседателски кандидати.

    Кандидатите за претседател потпишаа дека ќе се залагаат сите учесници да ги почитуваат сите закони, ќе се залагаат за фер и демократски избори и оти нема да користат говор на омраза.

    Првиот круг од претседателските избори е закажан за 24 април, а вториот круг за 8 мај, заедно со парламентарните избори.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира