Во полициската станица Центар приведени се тројца градежни работи. Како што соопштија од Министерството за внатрешни работи тројца градежни работници Б.Р. (50), З.Т. (60) и Б.И. (53) изведувале работни задачи во моментот на пожарот.
Од МВР информираат дека со возило на Брза помош на Клиниката за токсикологија се однесени две лица Е.С. (48) и А.Т. (41) поради вдишување на чад.
„Од страна на екипи на ЕВН во целата околина на салата е прекинато снабдувањето на електрична енергија, при што на ул. „Петар Поп Арсов“ во лифтовите на зградите имаше заглавени две жени, кои беа извлечени од страна на Единицата за интервентна полиција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.
Сопственикот на градежната фирма „Универзал-Балкан“ Лазар Арсовски рече дека утрово немало градежни работи на објектот и дека чуварите забележале дим за кој претпоставуваат дека избил од стара инсталација.
Пожарот во Универзална сала која почна да се реконструира пред еден месец изби утрово околу 10 часот.
А. АНТЕВСКА