НАЈМАЛКУ ЧЕТВОРИЦА МРТВИ ВО НАПАД ВО ТРГОВСКИ ЦЕНТАР ВО СИДНЕЈ, НАПАЃАЧОТ УБИЕН

    НАЈМАЛКУ ЧЕТВОРИЦА МРТВИ ВО НАПАД ВО ТРГОВСКИ ЦЕНТАР ВО СИДНЕЈ, НАПАЃАЧОТ УБИЕНЛокалните медиуми објавија дека неколкумина од повредените се во критична состојба

    Најмалку четворица луѓе се убиени во напад во трговски центар во Сиднеј близу познатата плажа Бондај, а има и повредени. Полицијата кажа дека еден маж бил застрелан по извештаите дека неколкумина луѓе се избодени.

    Најмалку седум амбулантни возила пристигнаа на местото на нападот, при што локалните медиуми објавија дека неколкумина од повредените се во критична состојба.

    Напаѓачот носеше големо сечило. Сите почнаа да трчаат кон крајот на зградата. Подоцна слушнавме дека полицијата го убила напаѓачот“, изјави еден очевидец.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира