Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека церемонијата на отворањето на Олимписките игри во Париз би можела да биде преселена од реката Сена ако безбедносниот ризик биде премногу голем. Тој кажа дека церемонијата би можела да се одржи на Трокадеро близу Ајфеловата кула, па дури и во традиционален облик на стадионот „Стад де Франс“, место по Сена.
Отворањето на ОИ во Париз би требало да биде прво кое нема да се одржи на стадион. Планирано е повеќе од 10.000 спортисти да пловат на 160 бродови на шесткилометарски потег на Сена.
Организаторите првично планираа да сместат 600.000 луѓе да го гледаат отворањето од речниот брег, но тоа сега е намалено на 300.000. Веќе е објавено дека туристите нема да добијат бесплатен пристап за да го гледаат отворањето, туку билетите ќе се добиваат по пат на покана, а не преку отворено ресистрирање.
Иако Франција сака да направи досега невидено отворање на ОИ, Макрон призна дека имаат и резервен план.
„Имаме и план Б и план Ц. Ги спремаме паралелно и ќе го анализираме ова во реално време“, кажа Макрон.
Откако Исламска држава ја презеде одговорноста за терористичкиот напад во концертна сала близу Москва, таа потоа се закани со напади на стадионите во Париз, Мадрид и Лондон на кои што се играат четвртфиналните мечеви од Лигата на шампионите. Француските власти ја спомнаа и можноста да се случи напад со дрон.