ИЗБОРИТЕ КОМБИНИРАНИ СО ВЕЛИГДЕН И ШКОЛСКИОТ РАСПУСТ ГИ НАПОЛНИЈА ЧАРТЕР ЛЕТОВИТЕ ЗА ТУРЦИЈА

    ИЗБОРИТЕ КОМБИНИРАНИ СО ВЕЛИГДЕН И ШКОЛСКИОТ РАСПУСТ ГИ НАПОЛНИЈА ЧАРТЕР ЛЕТОВИТЕ ЗА ТУРЦИЈАПакет аранжмани за 4-члено семејство за крај на април-мај се движат од 1.100 евра па нагоре, во зависност од категоријата на хотелот и возраста на децата. (Фото: СДК.МК)

    Пролетниот распуст за учениците и Велигденските празници, искомбинирани со 8 мај, денот кога ќе се одржат парламентарните и вториот круг од претседателските избори ги наполнија директните летови од Македонија до познатите туристички летувалишта во Турција, велат соговорници од неколку скопски туристички агенции.

    Први Мај се паѓа во среда и е неработен за сите граѓани, а 3 мај, Велики петок е неработен за граѓните од православна вероисповед.

    За првпат годинава, учениците ќе имаат пролетен распуст од 29 април (понеделник) до 6 мај (недела).Но, Велигден е на 5 мај, а секогаш денот после Велигден е неработен, значи 6 мај е неработен. На 8 мај ќе се одржат парламентарните избори, а со одлука на Владата од 16 април, тој ден, среда, ќе биде неработен за сите граѓани. Што значи, дека учениците само што ќе тргнат на училиште на 7 мај, пак ќе одморат еден ден.

    „Во туристичките агенции забележителен е зголемениот интерес за патувања, за како што велат клиентите, за распустот за 1 Мај – Велигден. Најчесто барањата за патување се однесуваат на 28 април до 8 мај. Конкретно овие термини се бараат за Анталија, Турција бидејќи тогаш има директен лет од Скопје, со авиокомпанијата ‘Санекспрес’. Пакет аранжмани за 4-члено семејство за наведенииот термин се движат од 1.100 евра па нагоре, во зависност од категоријата на хотелот и возраста на децата. Се бараат и дестинации како Барселона, Санторини, Малта и Италија, за кои дел од агенциите веќе имаат пополнетост на предвидени места“, велат од една скопска агенција.

    Оттаму додваат дека нивните чартер летови, од 28 април до 4 мај, како и од 5 до 12 мај им се полни со туристи.

    На денот на изборите 24 април и 8 мај кои Владата ги прогласи за неработни, Трудовата инспекција не може да казнува или затвора објекти. Овие два неработни денови не се утврдени со Законот за празници туку со владина одлука, па оттука инспекторите не можат да постапуваат. Тоа значи дека приватните фирми или компании можат да работат ако сакаат, не треба да им даваат празнична дневница на вработените и не може да заработат казна, ама и вработените не мора да доаѓаат оти се заштитени со одлука на Владата.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира