ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР ЗА КОЧАНЕЦОТ КОЈ СО 42 УБОДИ УБИ ЖЕНА

    ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР ЗА КОЧАНЕЦОТ КОЈ СО 42 УБОДИ УБИ ЖЕНАЗа кривичното дело Уцена, тој не призна вина и за тој дел од обвинението ќе продолжи судска постапка. - Затворот Идризово (архивска фотографија)

    Основниот суд во Кочани го осуди Усеин Рашидов на доживотна казна затвор за кривичното дело Убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп начин, откако тој призна вина.

    Тој, на 25 септември лани, во Кочани со 42 убода од нож ја уби Танкица Младеновска, која претходно го пријавила во полиција за континуирана уцена и изнуда на пари.

    „По поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Кочани, а по признание на вина, Основниот суд во Кочани донесе осудителна пресуда за едно лице за кривично дело – Убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп начин, при што за сторителот е изречена казна – доживотен затвор. Обвинетиот, на 25.09.2023 година на свиреп начин лиши од живот жена, нанесувајќи и многубројни убоди со нож“, велат од Јавното обвинителство.

    За кривичното дело Уцена, тој не призна вина и за тој дел од обвинението ќе продолжи судска постапка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира