ДО 18.30 ЧАСОТ ГЛАСАЛЕ 48,46 ОТСТО ОД ИЗБИРАЧИТЕ, 7 ОТСТО ПОВЕЌЕ ОД ПРВИОТ КРУГ НА МИНАТИТЕ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ

    ДО 18.30 ЧАСОТ ГЛАСАЛЕ 48,46 ОТСТО ОД ИЗБИРАЧИТЕ, 7 ОТСТО ПОВЕЌЕ ОД ПРВИОТ КРУГ НА МИНАТИТЕ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИНајголема излезност имало во Новаци - 71,07%, а најмала во Центар Жупа -16,9%. - Претседателот на ДИК Александар Даштевски (Фото: СДК.МК)

    До 18.30 часот одзивот на гласачите на првиот круг од претседателските избори е 48,46 отсто од податоците доставени до Државната изборна комисија, соопшти претседателот на ДИК Александар Даштевски. Станува збор за обработени 91,76 отсто од гласачките места. Гласањето траеше до 19 часот.

    Тој додаде дека најголема излезност имало во Новаци – 71,07%, а најмала во Центар Жупа -16,9%.

    „Гласањето се одвиваше мирно и без поголеми инциденти, уважени се 134 приговори и овозможено им е избирачко право на гласачите“, кажа Даштевски.

    На претседателските избори пред 5 години, првиот круг заврши со одзив од 41,67 отсто.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира