СИЛЈАНОВСКА ИМА ДВОЈНО ПОВЕЌЕ ГЛАСОВИ ОД ПЕНДАРОВСКИ И ПО 90 ОТСТО ПРЕБРОЕНИ ИЗБИРАЧКИ МЕСТА

    СИЛЈАНОВСКА ИМА ДВОЈНО ПОВЕЌЕ ГЛАСОВИ ОД ПЕНДАРОВСКИ И ПО 90 ОТСТО ПРЕБРОЕНИ ИЗБИРАЧКИ МЕСТАСилјановска - Давкова на избирачкото место во скопско Дебар маало (Фото: Ѓ. Личовски)

    Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Сиљановска – Давкова има 320.506 гласови (40,05%), што е двојно повеќе од кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски – 159.406 гласови (19,92%), по преброени речиси 90 отсто од преброените гласови, според првичните неофицијални резултати на Државната изборна комисија од првиот круг на претседателските избори.

    Кандидатот на ГРОМ Стевчо Јакимовски има 7.412 гласови (0,93%), кандидатот на ДУИ Бујар Османи има 109.290 гласови (13,66%), кандидатката на Левица Билјана Ванковска – Цветковска има 35.482 гласови (4,43%), кандидатот на албанската опозиција Арбен Таравари има 76.965 гласови (9,62%) и кандидатот на ЗНАМ Максим Димитриевски има 69.524 гласови (8,69%).

    Oдзивот на гласачите на првиот круг од претседателските избори е 49,72 отсто од податоците од избирачките места доставени до Државната изборна комисија.

    Во вториот круг на 8 мај ќе се соочат Силјановска-Давкова и Пендаровски. Истовремено ќе се одржат и парламентарните избори.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира