ПОНИШТЕНА ПРЕСУДАТА ЗА СИЛУВАЊЕ СО КОЈА ХАРВИ ВАЈНСТИН ДОБИ 23 ГОДИНИ ЗАТВОР

    ПОНИШТЕНА ПРЕСУДАТА ЗА СИЛУВАЊЕ СО КОЈА ХАРВИ ВАЈНСТИН ДОБИ 23 ГОДИНИ ЗАТВОРВајнстин, сепак, останува во затвор за друг случај на силување (Фото: АП)

    Највисокиот суд во Њујорк му поништи пресуда за силување на филмскиот продуцент Харви Вајнстин од 2020 зашто немал фер судење. Апелациониот суд утврди дека на обвинителите им било дозволено да повикаат сведоци чии обвинувања не биле дел од ова судење.

    Тоа значи дека на Вајнстин му се судеше за минато однесување, а не само за кривичните дела за кои беше обвинет“, кажа судот.

    Седумдесет и двегодишниот Вајнстин, сепак, останува во затвор за друг случај на силување.

    Обвинувањата против Вајнстин почнаа да се појавуваат во 2017, што го поттикна движењето #MeToo. Тој се соочи со две судења во 2020: во Њујорк беше осуден на 23 години затвор за силување на две жени, а во Калифорнија доби 16 години затвор за силување жена во хотел во Беверли Хилс. Втората пресуда останува на сила.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира