Германската министерка за одбрана Аналена Бербок изјави дека Германија ја обвинува руската Служба за воено разузнавање ГРУ за ланскиот сајбернапад врз владејачката Социјалдемократска партија (СПД).
„Руските државни хакери ја нападнаа Германија во сајберпросторот“, изјави Бербок, додавајќи дека немало последици.
Во јуни 2023, најголемата партија во владејачката коалиција СПД соопшти дека нејзините мејлови биле мета на сајбернапад порано таа година.
„Не можеме да ја исклучиме можноста дека имало протечени податоци“, кажаа од партијата.
Бербок кажа дека истрагата што ја водеше министерството за надворешни работи сега е затворена.
„Со сигурност можеме да го припишеме овој напад на групата ‘АПТ28‘, која е под контрола на ГРУ. Тоа е целосно неприфатливо и нема да помине без последици“, рече таа.