СО ПОСРЕДСТВО НА МВР И ОБСЕ, ДОГОВОРЕНО Е НА ПЛОШТАДОТ ВО ТЕТОВО ЗАВРШНИОТ МИТИНГ НА ДУИ ДА БИДЕ ВЕЧЕРВА, А НА ВРЕДИ В ПОНЕДЕЛНИК

    СО ПОСРЕДСТВО НА МВР И ОБСЕ, ДОГОВОРЕНО Е НА ПЛОШТАДОТ ВО ТЕТОВО ЗАВРШНИОТ МИТИНГ НА ДУИ ДА БИДЕ ВЕЧЕРВА, А НА ВРЕДИ В ПОНЕДЕЛНИКТетовскиот плоштад се спрема за завршните митинзи на ДУИ и на Коалицијата Вреди. (Фото: СДК.МК)

    После неколку денови натегање помеѓу ДУИ и опозиционата Коалиција Вреди (ВЛЕН) кој да го одржи завршниот митинг на градскиот плоштад во Тетово в понеделник, на последниот ден од предизборната кампања, конечно е најден компромис со помо на МВР и ОБСЕ. ДУИ ќе има митинг вечерва, а Вреди утревечер.

    Од Вреди велеа дека тие први го резервирале тој термин со пријава на настанот во Општина Тетово, додека од ДУИ велеа дека тие исто така навреме го пријавиле митингот, но во полиција. После неколкудневно меѓусебно обвинување, конечно е пронајдено решение, но до него се дошло по заеднички состанок во полицијата на кој присуствувале и претставници од ОБСЕ.

    „Немаше потреба од договор. Ние постапивме согласно законот. Од ДУИ се обидоа да направат проблем во овој дел иако немаа добиена дозвола од Општината, која менаџира со јавните површини. Тие пуштиле барање до полицијата, но им рековме дека не сме полициска држава за полицијата да одлучува кој и каде ќе држи митинзи. Имаше еден состанок во Министерството за внатрешни работи во присуство на претставници од ОБСЕ, каде што конечно надвладеа разумот и тие од ДУИ се откажаа од намерата да прават проблеми и се договорија митингот да го одржат денес, а ние остануваме за утре да го одржиме нашиот завршен митинг“, изјави градоначалникот Билал Касами, носител на листата во Изборната единица 6 од коалицијата Вреди.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира