ПОЧИНА СЕЗАР ЛУИС МЕНОТИ, ТРЕНЕРОТ СО КОЈ АРГЕНТИНА ЈА ОСВОИ ПРВАТА СВЕТСКА ТИТУЛА

    ПОЧИНА СЕЗАР ЛУИС МЕНОТИ, ТРЕНЕРОТ СО КОЈ АРГЕНТИНА ЈА ОСВОИ ПРВАТА СВЕТСКА ТИТУЛАМеноти беше селектор на Аргентина од 1974 до 1982 (Фото: Гети)

    Легендарниот фудбалски тренер Сезар Луис Меноти, под чие водство Аргентина ја освои првата светска титула, почина на 85 години. Меноти беше селектор на Аргентина кога таа ја победи Холандија со 3:1 во финалето на Светското првенство во 1978 на домашен терен.

    Како играч, Меноти настапуваше заедно со Пеле во Сантос и 11 пати го носеше дресот на Аргентина. Потоа ја почна тренерската кариера, која траеше 37 години и го однесе во Италија, Мексико, Уругвај и Барселона, со која освои два трофеи за две сезони.

    Репрезентацијата на Аргентина ја презеде во 1974 и предизвика контроверзи кога не го вклучи тогаш 17-годишниот Диего Марадона во тимот за СП 1978, иако една година порано му овозможи деби во националниот дрес.

    Следната година со Марадона во тимот, Меноти ја предводеше Аргентина и до титулата на Светското младинско првенство.

    Меноти се повлече од клупата на Аргентина по раната елиминација од СП 1982 во Шпанија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира