НАУЧНИЦИТЕ ПРОНАЈДОА СВОЕВИДНА АЗБУКА ВО ПЕСНИТЕ НА КИТОВИТЕ

    НАУЧНИЦИТЕ ПРОНАЈДОА СВОЕВИДНА АЗБУКА ВО ПЕСНИТЕ НА КИТОВИТЕНа 7 мај, научниците објавија дека китовите користат многу побогат збир на звуци од претходно познатите, што тие го нарекоа „фонетска азбука на главатите китови“. (Фото: Њујорк тајмс)

    Уште од откривањето на песнитe na китовите пред речиси 60 години, научниците се обидуваат да ги дешифрираат нивните текстови. Дали животните произведуваат сложени пораки слични на човечкиот јазик? Или споделуваат поедноставни информации, како што прават пчелите? Или тие комуницираат нешто друго што сè уште не го разбираме?

    Во 2020, тим од морски биолози и компјутерски научници ги здружија силите за да ги анализираат песните на главатите китови, сиви левијатани што пливаат во поголемиот дел од светските океани. На 7 мај, научниците објавија дека китовите користат многу побогат збир на звуци од претходно познатите, што тие го нарекоа „фонетска азбука на главатите китови“.

    Луѓето имаат и фонетичка азбука, која ја користиме за да произведеме практично бесконечна понуда на зборови. Но, Шејн Геро, морски биолог на Универзитетот Карлтон во Отава и автор на студијата, рече дека не е јасно дали главатите китови на сличен начин ги претвораат своите фонетски звуци во јазик.

    „Фундаменталните сличности што ги наоѓаме се навистина фасцинантни“, рече д-р Геро. „Тоа целосно го промени начинот на кој треба да работиме понатаму“.

    Од 2005, д-р Геро и неговите колеги следеле клан од 400 главатите китови околу Доминика, островска држава во источниот дел на Карибите, прислушувајќи ги китовите со подводни микрофони и означувајќи некои од животните со сензори. Главатите китови не ги произведуваат морничавите мелодии што ги пеат грбавите китови, што стана сензација во 1960-тите. Наместо тоа, тие штракаат со кликови кои звучат како вкрстување помеѓу Морзеовата азбука и врата што крцка. Главатите китови обично произведуваат импулси од три до 40 кликања, познати како кода. Тие обично ги пеат овие кодови додека пливаат заедно, зголемувајќи ја можноста тие да комуницираат еден со друг.

    Со текот на годините, д-р Геро и неговите колеги прегледале илјадници часови снимки од подморската бучава. Излегува дека кодата на главатите китови спаѓа во различни типови. Еден тип, на пример, наречен „1+1+3“, се состои од два клика одделени со пауза, проследени со три кликања брзо едноподруго.

    Со поддршка од филантропи, д-р Геро и неговите колеги го започнаа „Проектот ЦЕТИ“ (за „Иницијатива за превод на китови“), за да истражат дали вештачката интелигенција и другите компјутерски достигнувања можат да ги декодираат песните на китовите.

    Други експерти рекоа дека азбуката на китовите означува возбудлив напредок. Но, тие рекоа дека кодitе на главатите китови можеби се повеќе слични на музика отколку на јазик. Џејкоб Андреас, компјутерски научник во Универзитеттот МИТ и автор на студијата, рече дека азбуката им овозможува на истражувачите да копаат подлабоко во песните на китовите.

    „Сега ја имаме поставено машинеријата за да започнеме да се справуваме со многу поамбициозната, долгорочна цел за проектот ЦЕТИ, кој се обидува да открие што всушност значи сето ова“.

    Микрофоните распоредени на Карибите снимаат звуци на океанот 24 часа на ден, а научниците ги програмираат компјутерите за да научат како да ги одвојуваат песните на главатите китови од бучавата во позадина. Се надеваат дека компјутерите потоа ќе можат да компонираат сопствени песни од китови, кои потоа би можеле да им се пуштаат на китовите.

    Други експерти се скептични за тоа. Лук Рендел, морски биолог на Универзитетот „Сент Ендрјус“ во Шкотска, е загрижен дека моделите на вештачка интелигенција претпоставуваат оти песните на китовите се еден вид јазик, наместо нешто повеќе како музика.

    „Не се сомневам дека можете да создадете јазичен модел кој би можел да научи да создава секвенци слични на оние на главатите китови“, рече д-р Рендел. „Но, тоа е сè што добивате“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира