Македонската ракометна репрезентација вечерва со 34:26 ја победи селекцијата на Фарските Острови и се пласираше на Светското првенство во 2025.
Македонските ракометари предводени од селекторот Кире Лазаров, со резултатот од плус осум ги надокнадија седумте гола разлика од Фарските Острови и со тоа повторно се учесници на најголемото ракометно натпреварување.
Најефикасен во македоднската селекција беше Жарко Пешевски со 8 гола, а Филип Кузмановски постигна 7 гола.
29. Светско првенство ќе се одржи во Хрватска, Данска и Норвешка од 14 јануари од 2 февруари 2025.
А. АНТЕВСКА