НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ ВОДАТА ВО КУМАНОВО ПО ПОРОЈНИТЕ ДОЖДОВИ ВО ЛИПКОВСКО

    НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ ВОДАТА ВО КУМАНОВО ПО ПОРОЈНИТЕ ДОЖДОВИ ВО ЛИПКОВСКОСилното невреме беше со пороен дожд и град со големина на орев и од него побеле целата почва. (Фото: ЦУК)

    Силното невреме со пороен дожд и град кое синоќа го зафати Кумановско-Липковскиот Регион денеска ги остави без вода за пиење од градскиот водовод жителите на Куманово. Надојдените води на Липковска Река до филтер-станицата донеле голема количина кал поради што системот бил затвори.

    „Околу 5 часот утринава вработените во Фабриката за вода – Филтер-станицата во Куманово забележале дека дотурот на вода од хидросистемот Липково и Глажња е со зголемена заматеност од преку 10.000 нту, по што веднаш се преземени мерки и затворен е доводниот цевковод одЛипково, за да не дојде до позначителни штети на процесот на преработка на вода за пиење. Заради безбедност по здравјето на населението во Куманово, водата која што е со зголемена матност се испушта директно во канализационата мрежа, што ќе доведе до недостиг на вода во ситемот за водоснабдување. Ги молиме граѓаните да имаат разбирање за настанатата вонредна состојба и да ја сведат потрошувачката на вода на минимум за не би дошло до поголем недостиг на вода за пиење“, велат од ЈП „Водовод“.

    Кога ќе се нормализира водоснабдувањето во градот ќе зависи кога ќе се избистри водата. Во најдобар случај тоа би било за еден ден, а може да потрае и неколку дена. Во соработка со другите служби ќе се донесе одлука како ќе се постапува, прво водата да се користи како техничка, а потоа и за пиење.

    Денеска во Општина Куманово ќе се одржи кризен штаб на кој ќе се донесат мерки за справување со проблемот.

    С. НИКОЛИЌ 

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира