ОД СИТЕ НИВОА НА РАКОВОДСТВОТО НА ВМРО-ДПМНЕ ДОБИВМЕ УВЕРУВАЊА ДЕКА ЌЕ ОСТАНАТ НА ЕВРОПСКИОТ ПАТ, КАЖА ЕСКОБАР

    ОД СИТЕ НИВОА НА РАКОВОДСТВОТО НА ВМРО-ДПМНЕ ДОБИВМЕ УВЕРУВАЊА ДЕКА ЌЕ ОСТАНАТ НА ЕВРОПСКИОТ ПАТ, КАЖА ЕСКОБАРСпецијалниот претставник на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар се надева дека европскиот пат ќе биде главна политичка цел на новата македонска влада. (Фото: Јутјуб/принтскрин)

    Заменик-помошникот секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан Габриел Ескобар добил уверување од сите нивоа на партиското раководство на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе останат посветени на европскиот пат, пренесе Гласот на Америка на македонски јазик. Тој се надева дека европскиот пат ќе биде главна политичка цел на новата влада.

    „Мислам дека Европа и САД многу јасно ја кажаа нашата позиција на претседателот по инаугурацијата дека целосно очекуваме оти Северна Македонија ќе продолжи по својот европски пат, ќе се посвети, ќе продолжи да биде посветена членка на НАТО, и верувајте ми, тие се посветена членка на НАТО. И добивме уверување од сите нивоа на партиското раководство на главната партија (ВМРО-ДПМНЕ) која победи на изборите, дека ќе останат посветени на европскиот пат“, кажа Ескобар во интервју за Европскиот центар на Атлантскиот совет.

    Тој беше прашан дали по победата на ВМРО-ДПМНЕ и зголемената загриженост за Договорот од Преспа сè уште верува дека патот кон Европа ќе продолжи, како што изјави на денот на изборите.

    Ескобар додаде дека постои сè поголем реализам дека нема друга алтернатива.

    Во меѓувреме, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, во интервју за грчка телевизија рече дека Македонија е изолирана, а не Грција.

    „Нашите колеги во Северна Македонија мора да прифатат дека изборниот период заврши. Скопје е изолирано, а не Грција. Верувам дека ќе се прилагодат на притисоците со кои ќе се соочат“, кажа Мицотакис за „Опен ТВ“.

    Дипломатскиот спор со Грција почна откако новата претседателка Гордана Сиљановска-Давкова не го го употреби уставното име за време на заклетвата при нејзината инаугурација во Собранието.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира